Нацистичка Германија го нападна СССР на 22 јуни 1941 година. Првата тенковска група на Вермахтот (1. оклопна армија) се наоѓа во три напаѓачки колони грабаше кон Киев. Меѓутоа, токму на овој правец во одбранбениот ешалон се наоѓаше најголемата концентрација на оклопни единици на Црвената армија, формирана од тенковски и моторизирани единици.
На германските единици им се спротивстави групација на Црвената армија која броеше шест механизирани корпуси. Според вкупната бројност, овие единици значително ги надминуваа силите на напаѓачите. Црвената армија им спротивстави на Германците 3298 тенкови, додека на другата страна оклопните единици на Вермахтот може да сметаат на 808 тенкови, пишува германското гласило Stern, пренесува порталот „Бог-рата“.
Советските сили претежно располагаа со лесни тенкови БТ и Т-26, кои сочинуваа речиси 80% од оклопните единици. Потешките тенковски единици имаа на располагање 534 тенкови Т-34 и КВ-1.
Двата последни модели во тоа време ги надминуваа борбените способности на германските тенкови. Германците едноставно беа запрепастени како тоа нивните извидувачки и разузнавачки елементи не успеаја да ги забележат овие тенкови, кои не само што беа оперативни, туку и активно учествуваа во борбата со германските „Панцери“.
Уништена група лесни тенкови Т-26
ВикипедијаВо принцип, советскиот противудар ја имаше својата шанса. Наместо нападот да се фокусира на една или најмногу две точки во непријателскиот распоред, тој беше насочен кон сите три правци на германското настапување, со што се „разводни“ неговата сила. Германските единици не можеа толку брзо да ги префрлуваат своите оклопни групи надвор од уредените патишта и да постигнат бројчана доминација на главните точки на ударот. Иако војната штотуку започна, се чини дека советските сили мораа да извлечат одредени поуки од маневарската војна. Со сеопфатен напад врз истурените германските групи и пресекување на логистичките линии зад нивниот грб, ќе се доведеше до неминовно забавување, па и запирање на германската офанзива. Командата на Црвената армија веројатно го знаеше тоа, но таквата идеја не можеше да се реализира во пракса.
Имено, ангажираните единици не беа обучени за ваков тип на војување. Недостигаше гориво, а се чувствуваше и хроничен недостаток на противтенковски гранати. Тоа предизвика бројни ситуации во кои советските тенкови во очај се обидуваа со директен судир да ги онеспособат германските тенкови. Техничките проблеми, слабата обученост на екипажите и хроничниот недостаток од механичари и транспортни агенси предизвикаа 50% од оперативните тенкови воопшто да не стигнат до бојното поле. Гледајќи во целост, 10. тенковска дивизијата загуби 307 тенкови. Од тој број 153 тенкови беа онеспособени во борба, додека останатите беа изгубени поради бројни околности од „неборбен“ тип.
Црвената армија се соочи со германскиот напад во многу неповолно време. Во тој период таа минуваше низ стратешка фаза на реорганизација на формациските единици, бидејќи германскиот напад врз СССР се очекуваше дури во 1942 година. Поради недостигот на радио-уреди во тенковите, при нападите на советските единици отсуствуваше централната координација. По чистките извршени од страна на Ј. В. Сталин, во единиците на Црвената армија, исто така, се вовлече и стравот, особено кога станува збор за трупните офицери. Имено, многу командири на единиците одбиваа да дејствуваат по сопствена иницијатива, упорно чекајќи наредби од повисоката команда.
Битката траеше од 23 јуни до 2 јули 1941 година. Таа се претвори во целосно неорганизиран, на момент и хаотичен синџир на ненадејни судири и борби. Црвената армија имаше неколку поединечни успеси кои, сепак, не можеа да се материјализираат на теренот, што барем би ќе ја продолжеше битката. 9. механизиран корпус под команда на генералот Константин Рокосовски ја нападна германската 13. тенковска дивизија од заседа која тој ја формираше, одбивајќи да постапи според наредбата на претпоставената команда. Во подоцнежните мемоари поврзани со оваа битка, славниот маршал на Советскиот Сојуз напиша: „Повторно ни беше наредено да извршиме противудар. Меѓутоа, непријателот значително нѐ надвладеа кога е во прашање бројноста, така што решив на моја лична иницијатива да не постапам според оваа наредба. Им наредив на моите сили трпеливо да го дочекаме непријателот на своите одбранбени позиции“.
Германските сили ги ограничуваше големиот простор кој во голема мера беше лишен од патни комуникации. Големи предели обраснати со шума и мочурливиот терен беа шанса за единиците на Црвената армија.
„Артилерискиот полк на 20. тенковска дивизија по малобројните патни комуникации дејствуваше со најновите противтенковски пушки со кал. 85мм, значително забавувајќи го германското напредување“.
Се случи цела серија групни и поединечни судири во кои од германска страна воопшто не учествуваа тенкови, забележува воениот историчар Роман Тепер. Против советските тенкови Германците употребуваа различни артилериски орудија, особено ПА топови. Во оваа битка е применет и познатиот германски ПА-топ со кал. 88 мм (8,8 cm-FlaK), која многу успешно се употребуваше против тенковите и другите оклопни возила. Поради своите габарити овој топ не беше оптимален за конвенционални противтенковски дејствија, но навистина беше неприкосновен за тоа време благодарение на силната граната. Неговата граната со калибар 88 мм без никаков проблем можеше да го пробие тенковскиот оклоп на советските тенкови Т-34 и КВ-1 од далечина поголема од 2000 метри.
Уништен советски среден тенк Т-34
ВикипедијаБез оглед на ангажирањето на крупни оклопни единици, битката заврши со тежок пораз на советската армија. И покрај извонредниот напор и катастрофалните загуби, Советите никако не можеа да го запрат понатамошниот германски продор во правец на Киев. Како што наведува Роман Тепер, советската војска загубила преку 2000 тенкови, додека германските загуби изнесувале само 85 тенкови и 5-10 командни возила.
Меѓутоа, Битката за Дубно многу им помогна на Советите во продолжението на војната. Активната одбрана на тенковската групација на Црвената армија овозможи извлекување на останатите сили под германскиот удар, на кои им се закануваше опколување поради брзиот продор на германските оклопни делови преку големиот простор на незапоседнатата одбрана. По оваа битка Германците мораа повторно да се прегрупираат сите свои сили и да се ориентираат во правец на Москва. Ова доведе до задоцнување на главната офанзива, со што значително се намалија шансите за заземање на главниот град на СССР.
Веќе во првите денови на војната команда на германската Група армии „Југ“ сфати дека концептот на блицкриг не влијае на кршењето на борбениот дух на советскиот војник. Во еден воен дневник е напишано: „Непријателот според бројноста, но, исто така, и според неговиот борбен дух, решеноста и внатрешната дисциплина, е многу сериозен противник. Надвладување на непријател со вакви карактеристики нема да може да се постигне со маневарска војна како што беше случајот со Полска и на Запад, туку со упорна борба за секоја педа земја“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче