Објавени непознати „парадни“ фотографии на советски маршали

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Министерството за одбрана на Русија во пресрет на Денот на Победата објави уникатни фотографии на советски војсководци направени на парадите.

Во рамките на проектот „Војсководците на Победата: На парада“ се собрани фотографии од архивот на Министерството за одбрана на РФ и семејни албуми.

Прикажани се фотографии на 25 прославени команданти кои досега не беа достапни за јавност и кои поради тоа имаат библиографска и историска вредност.

„На нив командантите се претставени во свечената атмосфера или неколку минути пред почетокот на парадата, како и на вежбањето и пробите за парадата“, соопшти информативната служба на Министерството за одбрана на РФ.

Ретките фотографии се дополнети со детали од биографиите и сеќавањата на командантите, како и со цитати од военоисториски дела. Интересни се и коментарите на членовите на семејствата на руските војсководци и луѓе кои им биле блиски.

На пример, ќерката на маршалот Родион Малиновски Наталија се сеќава: „Тато како единствен наш војсководец од Втората светска војна имаше две Паради на Победата во својот живот. На првата (11. ноември 1918) беше војник, а на втората (24. јуни 1945) ја поведе војската на фронт“. Овој советски командант служел во посебната руска бригада во Франција, каде дури и по револуцијата во 1917 година (кога Русија се повлече од војната) продолжил да се бори сѐ до капитулацијата на Германија.

Објавени се и интересни податоци од „парадната“ историја на СССР кои на многумина не им се познати. На пример, движењето на историската воена техника и вооружување во свечен марш првпат беше на програмата на парадата на 9. мај 1985 година и оттогаш стана вообичаено. Имено, тогаш Парадата по повод 40-годишнината од Победата се состоеше од три дела.

Првиот дел беше историски – се движеа колоно од воени ветерани и некогашни ударници. Во вториот дел поминуваа современите единици на московскиот гарнизон и питомци на воените школу и академии, а во третиот се движеше историска и современа современа техника.

Претходно на сајтот на Министерството за одбрана на РФ е појави специјална рубрика „Војсководците на Победата: Моменти на мир во животот“, каде што се собрани фотографии на војсководци направени во мирнодопски услови и семејна атмосфера.

Прочитајте повеќе: Кој ѝ ги „истури цревата“ на Хитлеровата воена машинерија?