Проектот „Војсководците на Победата: Моменти на мир во животот“ е реализиран во соработка со Фондот на сеќавањето на војсководците на Победата и е посветен на секојдневието на командантите на вооружените сили на СССР во Големата Татковинска војна.
Маршал Георгиј Жуков на одмор во Сочи.
Министерство за одбрана на РФНа сајтот на министерството се поставени фотографии од семејните албуми на војсководците кои претходно не се објавувани, а се направени во мирнодопски услови.
Константин Рокосовски на лов.
Министерство за одбрана на РФНа пример, во рубриката постојат фотографии од маршалите на Советскиот Сојуз Георгиј Жуков на одмор во Сочи и Константин Рокосовски во лов, како и од главниот маршал на тенковските трупи Амазасп Бабаџањан како танцува со сопругата и Семјон Буѓони со малиот син во војничка униформа.
Амазасп Бабаџањан со сопругата.
Министерство за одбрана на РФПо прославата на 74-годишнината од Победата во Големата Татковинска војна експозицијата на фотоизложбата ќе можат да ја видат воените лица, жителите и гостите на Владивосток, Екатеринбург, Ростов на Дон, Санкт Петербург, Североморск и Хабаровск.
Семјон Буѓони со синот.
Министерство за одбрана на РФМинатата недела Министерството за одбрана на РФ објави уникатни документи за борбите за Крим во Големата Татковинска војна кои претходно беа под печатот на државна тајна.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче