Француски историчар: Русија треба да се почитува како земја која во 20 век двапати го спаси светот

Руска пешадија во Првата светска војна

Руска пешадија во Првата светска војна

George H. Mewes/магазин "National Geographic Magazine", 1917

Русија заслужува почит поради „херојската борба и огромните загуби“ кои ги претрпе есента 1914 година, без кои победата над Германија можеби и немаше да ја има, напиша во статија за порталот „Атлантико“ францускиот историчар Едуар Јусон. Тој го критикува Емануел Макрон кој во пресрет на одбележувањето на 100-годишнината од крајот на Првата светска војна „ја прогласи Русија за непријател“.

Јусон укажува на тоа дека Макрон при посетата на градот Верден, каде што се случи една од најкрвавите битки во Првата светска војна, изјавил дека е неопходно да се формира „вистинска европска војска“ која треба да им се спротивстави на Русија, Кина и САД. Историчарот потсетува дека француските власти ветиле дека сите настани во врска со одбележувањето на 100-годишнината ќе ги посветат на темата мир.

Францускиот историчар изразува чудење како Макрон ги избрал времето и местото да ја прогласи Русија за „непријател“. Независно какви замерки би имал некој спрема современа Русија, светот треба да се досети што ги зближува земјите, се наведува во статијата.

Русија заслужува почит поради „херојската борба и огромните загуби“ кои ги претрпе есента 1914 година, без кои победата над Германија можеби и немаше да ја има. „Дали дојде време со почит да се сетиме на 1,8 милиони убиени руски војници?“, се прашува историчарот. Тој предлага политиката да се остави настрана и луѓето да помислат на земјата и народот кои во минатиот век двапати го спасија светот.

Францускиот историчар истакнува дека Русија, „штитејќи ја слободата на Европа“, изгуби 5 милиони луѓе, како војници, така и цивили, во текот на Првата светска војна и преку 27 милиони во Втората светска војна.

Јусон додава дека ниеден германски канцелар од времето на распадот на СССР нема направено чекор на помирување спрема Русија, а Германија и Франција повеќе пати правеа меѓу себе такви гестови за време на манифестациите посветени на војната.

Освен тоа, францускиот историчар изнесува критика на предлогот на Макрон за создавање независен систем за безбедност во Европа. „Како без договор со Русија може сериозно да се разгледува прашањето за воспоставување на рамнотежа меѓу европскиот континент и Азија?“, се прашува авторот.

Ако Европа сака мирна иднина, треба да ѝ се спротивстави на идејата за „европска одбрана“, која е насочена како против САД, така и против Русија, заклучува историчарот.

Иначе, состанокот меѓу претседателите на Русија и САД - Владимир Путин и Доналд Трамп – во Париз не се одржа поради Макрон кој процени дека руско-американскиот самит ќе ги фрли во сенка манифестациите посветени на стогодишнината од завршувањето на Првата светска војна.

Прочитајте повеќе за „Јуришот на мртовците“: Како смртно ранети руски војници ја запреа германската офанзива

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња