Како автоматот Шпагин го заслужи своето место на спомениците на црвеноармејските ослободители

Историја
БОРИС ЕГОРОВ
Шест милиони вакви автомати имаат поминато низ Големата татковинска војна од почетокот до крајот и станаа еден од лесно препознатливите симболи на тешкото време.

Командата на советската армија ја сфаќала автоматската пушка како помошно оружје, додека основното оружје на пешадијата била брзометната пушка Мосин. ППШ е наследник на автоматот Дегтјарјов ППД-34/40 кој бил прескап за производство.

Но, Зимската војна 1939-1940 против Финците вооружени со автомати КР/-31 ѝ покажа на Црвената армија дека овој вид оружје има иднина. ППШ-41 од автоматот Дегтјарјов го има наследено надворешниот изглед, а тешкиот барабан за 71 куршум е прекопиран од финскиот.

Од 1942 година ППШ има добиено и полесна класична рамка за 35 куршуми, иако и таквите модели имале свои недостатоци. Тешките рамки кои не секогаш биле згодни за употреба сепак останале, без оглед на тоа што за нормална употреба често требало да се наоѓаат во конкретни рамки за конкретни автомати поединечно.

За разлика од својот претходник, автоматот Шпагин бил значително поедноставен и поевтин. Фрезираните („глодани“) конструктивни елементи биле заменети со пресувани, а прецизна обработка изискувале само цевката и затворачот (и тоа со мошне голема толеранција). Тоа од него има направено „воен“ автомат; производството во воено време барало заштеда на материјали и поедноставена технологија за зачувување на сигурноста. На автоматот ППШ не му била потребна дополнителна сигурност.

Советските војници нагалено го нарекувале ППШ папаша, односно татенце.

Специфичноста на автоматот ППШ била во моќната стрелба со калибар од 7.62х25 милиметри од „тетец“ (Токарев ТТ). Ова на зрното му давало поголема брзина. Притоа темпото на гаѓање на ППШ било мошне високо: до 900-1.000 метри во минута.

ППШ-41 мошне им се допаднал и на Германците кои го користеле како трофејно оружје. Нацистите оспособиле околу 10.000 автомати ППШ за муниција со калибар од 19 милиметри.

Големата маса на ППШ која често била третирана како недостаток му била од полза на стрелецот: оружјето за време на рафално гаѓање се однесувало постабилно од полесните митралези, како што е германскиот МР-40.

Автоматот ППШ-41 го користеле и странските единици кои заедно со Црвената армија се бореле против единиците на Хитлер.

Во 1944 година дошло до обид бомбардерот ТУ-2 да се вооружи со 88 автомати ППШ-41. Но, полнењето на муниција било изводливо само на земја, па затоа се откажале од идејата.

Кон крајот на Втората светска војна автоматот ППШ-41 го користеле 55 отсто од советските војници.

Типскиот споменик на советскиот војник-ослободител изгледал вака: шлем СШ-40, пелерина-шатор и масивен автомат со тежок барабан и карактеристична облога на цевката со штанцови овални отвори: ППШ-41, автомат (пиштол-митралез) Шпагин, образец 1941.

По Втората светска војна папаша се произведувал во Северна Кореја. Еден од првите примероци Сталин го добил за својот 70 роденден во 1948 година.

По Втората светска војна ППШ-41 барем трипати е користен во конфликтите против американските единици: во Кореја, на Куба и во Виетнам.

Прочитајте уште: Кое советско оружје е заслужно за исходот на Втората светска војна?