Постојат многу различни мислења за тоа како советскиот ракетен лансер МБ-13 го добил женското име Катјуша. Некои дури и сметаат дека ова оружје за време на пукањето произведува звук кој е сличен на истоимената советска песна.
Како и да е, „Катјуша“ е користена во сите големи советски операции на Источниот фронт. Германската команда беше непријатно изненадена кога во јули 1941 година се појави овој ракетен фрлач со повеќе цевки, зашто проектилите на „Катјуша“ ги депримираа германските единици. Плотун на проектил испукан од „Катјуша“ уништувал сѐ живо на целното подрачје.
Русите ваквиот ефект го постигнуваа со користење блокови тринитротолуол кои по паѓањето се распрснувале на илјадници вжештени шрапнели.
Овој систем беше мошне ефикасен против пешадијата, но не толку добар за да ги уништува германските тенкови и оклопната техника. Имено, ракетите имаа чувствителни боеви глави, а немаше специјални проектили за пробивање оклопи. Освен тоа, ова оружје служеше како „тепих за ракетирање“, односно неговите проектили покриваа голема површина, така што не можеа да бидат користени против помали поединечни цели.
И покрај тоа, „Катјуша“ спаѓа во оружјето што му помогна на советскиот народ да ја запре инвазијата и да понесе победа во најкрвавата војна на својата територија.
Штом се појави, и овој тенк помогна да се дојде до решавачкиот пресврт во војната. Произведен е огромен број тенкови Т-34 со голем број модификации, вклучувајќи ги и модифицираните типови оружје, почнувајќи од топот со калибар од 76 милиметри.
Проектил исфрлен од овој тенк може да пробие оклоп на тогашните најдобри германски тенкови. Освен тоа, Т-34 беше исклучително подвижен и добро заштитен.
Штом новиот руски тенк се појави на бојното поле, германскиот генерал Фон Клајст, со оглед на неговата висока мобилност, го карактеризираше како најдобар тенк во својата категорија. И оклопот на овој тенк и вооружувањето подоцна во војната беа надминати, но сепак се смета дека Т-34 беше најефикасниот и најефективниот тенк во војната.
Направен е во околу 34.000 примероци, така што и овој тенк стана прв во светот по бројот на произведени примероци.
И оваа машина на советската армија е произведена во голем број примероци. Го нарекувале „летачки тенк“ поради масивниот оклоп, и „грбав“ поради карактеристичниот облик.
Ил-2 не е премногу поволен за маневри во воздухот, но е многу ефикасен зашто можеше да се користи и во воздушните борби против германските авиони и во бомбардирањето цели на копно и на море.
Ил-2 со еден резервоар можеше да мине 700 километри до целта и да го „испердаши“ непријателот со два топа со калибар од 23 милиметри и два митралези со калибар од 7.62 милиметри. Исто така можеше да исфрли 600 килограми гравитациски бомби РС-82 и РС-132.
Една од најинтересните особености на овој авион беше можноста да атерира „на стомак“, односно без тркала, доколку тие се оштетени во воздушна борба. Во тој случај најважно е пилотите да го напуштат авионот пред пламенот да стаса до резервоарот и да предизвика експлозија.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче