Ден на незнајниот јунак: МО на РФ објави тајни документи за битката кај Москва 1941 година

Global Look Press

Министерството за одбрана на Русија објави воени документи од кои е симната ознаката за доверливост, а кои се однесуваат на периодот на Големата татковинска војна. Меѓу нив е и документацијата за гробницата на советските војници од која е земена правта на незнајниот војник и закопана покрај ѕидините на Кремљ.

Документите се објавени по повод одбележувањето на Денот на незнајниот јунак кој во Русија се слави на 3 декември. Идентитетот на војникот кој е закопан до Вечниот пламен до ден-денес не е утврден, пренесува „Комерсант“.

354 стрелечка дивизија, која 1941 година ја бранеше Москва, изгубила преку 3 илјади луѓе, за што сведочат објавените документи, пренесуваат медиумите.

Незнајниот војник веројатно бил еден од припадниците на единиците кои ја бранеа руската престолнина во декември 1941 година во реоните Крјуково, Матушкино, Савелки и Бољшије Ржавки.

„За десет дена борби 354 стрелечка дивизија од својот состав изгуби 3159 припадници на војската“, се наведува во документот.

Сите четири полка на дивизијата претрпеле загуби, загинале 398 припадници на командниот и редовниот состав, ранети биле 1488, додека како исчезнати се воделе 1156, а поради други причини онеспособени биле 81 војник и офицер.

Во наредбата на командантот на 1199 стрелечки полк на 354 дивизија од 3 декември се наведува дека непријателот успеал да го одбие нападот на советските единици со оган од минофрлачко и автоматско оружје во реоните Савјолки и Красни Октјабр. Полкот требало да заземе позиции на границата меѓу реоните Бољшије Ржавки и Савјолки и да не им дозволи на германските тенкови да ја пробијат одбраната. 1199 стрелечки полк успеал да ја организира одбраната и ги држел позициите во текот на целиот ден на 3 декември.

„На 7 декември единиците на 16 армија по наредба на командантот на армијата генерал-потполковник К. К. Рокосовски во 10:00 наутро прејдоа во офанзива. Единиците на 354 стрелечка дивизија имаа задача да ги ослободат населбите Красни Октјабр, Александровка, Андреевка, а потоа да продолжат кон Алабушево. До 14 октомври единиците на дивизијата стигнаа до бреговите на Истринското вештачко езеро”, се наведува во објаснувањето објавено со оваа наредба.

Прочитајте повеќе: Кое советско оружје е заслужно за исходот на Втората светска војна?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња