Злокобниот план SIOP: Како САД планирале нуклеарно уништување на СССР и Кина

Getty Images
САД во текот на 1960-те правеле планови за тотално уништување на СССР и Кина како водечки индустриски сили, со тоа што американските воени стручњаци ја разгледувале можноста за масовно истребување на граѓаните на тие земји, се наведува во материјалот објавен на сајтот на невладината организација „Архив на националната безбедност“.

Истражувачите на „Архивот на националната безбедност“ обратија внимание на документите на Единствениот интегриран оперативен план (Single Integrated Operational Plan, SIOP) од 1964 година во кој се разгледуваат прашања за примена на нуклеарно оружје. Во нив меѓу другото се споменува потребата за уништување на 70% од индустрискиот потенцијал на Советскиот Сојуз.

Американците притоа допуштаат можност за масовно уништување на цивилното население. Според процените од 1961 година, напад според планот SIOP подразбирал уништување на 71% од жителите на советските градови, а според процените од 1962 требало да загинат околу 70 милиони население на СССР.

Здружениот комитет на началниците на штабовите на Вооружените сили на САД дури ја разгледувал и идејата според која уништувањето на населениот е главниот критериум за победа над Советскиот Сојуз.

SIOP е комплет од строго доверливи оперативни документи кои служат како детален правилник за борбена примена на нуклеарно оружје од страна на Вооружените сили на САД.

Националната управа на архивот и документацијата на САД обелодени во декември 2015 година список на потенцијални цели на американските нуклеарни напади за 1957 година. На тој список има стотици точки во СССР, Источна Европа и Кина, а меѓу нив 179 цели во Москва, 145 во Ленинград и 91 во Источен Берлин.

Најголем приоритет на обелоденетиот документ било военото воздухопловство, а најважната цел уништување на советските бомбардери пред да стигнат да полетаат од пистите и тргнат во правец на Европа или надвор од нејзините граници.

Прочитајте повеќе: Дали рускиот систем за нуклеарна одмазда „Мртва рака“ е несоборлив?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња