Дали рускиот систем за нуклеарна одмазда „Мртва рака“ е несоборлив?

Global Look Press
Западните медиуми се досетија на рускиот систем „Периметар“, попознат и како „Мртва рака“, кој нанесува втор нуклеарен удар, односно не го остава агресорот неказнет. Американски експерт тврди дека „Периметар“ не е толку многу сигурен.

„Рускиот систем за управување со нуклеарно оружје „Периметар“ (кој на Запад го доби страшното име „Мртва рака“) не само што опстана по студената војна, туку и се усовршува“, предупредува еден од најпризнатите американски експерти Брус Блер.

За управување со „Мртва рака“ се потребни три лица, објаснува тој. И тоа не мораат задолжително да бидат највисоките воени лица, та се луѓе кои само реагираат на сигнали. „Периметар“ е замислен на начин на кој Русија може да одговори на нуклеарен напад дури и кога не би останал ниеден жив човек во целата команда на руската војска, истакнува изданието „Дејли Стар“. Системот прима сигнал за нуклеарен напад врз Русија и со една ракета им дава команда на сите нуклеарни и ненуклеарни единици, каде и да се наоѓаат во моментот, да одговорат на нападот.

„А тоа значи дека дури и тактички удар кој би го уништил целото раководство на Русија не би можел да ја спречи апокалипсата на третата светска војна“, истакнува „Дејли Стар“. А Блер додава дека Русија го има секое право за постоење на „Периметар“, но тој се плаши дека системот може да биде срушен од хакери, а тоа е веќе закана за целиот свет.

Според некои податоци, „Мртва рака“ се наоѓа во длабок бункер на југот на Москва. Нејзиното постоење во 2011 година во интервју го потврди и командантот на Руските сили за стратешка намена генерал-полковник Сергеј Каракаев.

Меѓутоа во Русија постои и друг систем (СПРН) за предупредување од ракетен напад. Ако „Периметар“ реагира дури откако Русија е нападната, СПРН го спречува самиот напад и ги уништува ракетите кои сѐ уште не долетале до земјата, потсетува уредникот на магазинот „Арсенал Отечества“ Алексеј Леонков. Тој исто така не се согласува со Блер дека хакерите се во состојба да му наштетат на „Периметар“.

Текстот објавен во изданието „Дејли Стар“ во Русија го објаснуваат со затегнатоста меѓу Лондон и Москва по повод случајот „Скрипал“.

Прочитајте повеќе: Гарантирана нуклеарна одмазда: како функционира „Периметар“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња