Гарантирана нуклеарна одмазда: како функционира „Периметар“

Одлуку о лансирању командних ракета доноси аутономни контролно-командни систем, а то је сложени програмски комплекс на бази вештачке интелигенције. Извор: PhotoXPress.

Одлуку о лансирању командних ракета доноси аутономни контролно-командни систем, а то је сложени програмски комплекс на бази вештачке интелигенције. Извор: PhotoXPress.

PhotoXPress
Русија има систем кој овозможува да се нанесе повратен нуклеарен удар, дури и во случај на целосно уништување на командните премини и линијата за врска на Ракетните сили за стратешка намена. Името му е „Периметар“, а во САД ја нарекуваат „мртва рака“ (Dead Hand). „Руска реч на македонски“ во општи црти ви ја претставува идејата за овој остроумен систем.

Автоматска алтернатива

Основниот систем за управување на стратешките ракети се нарекува „Казбек“ и се здобива со слава благодарение на комплексот „Чегет“ или „нуклеарното куферче“. „Периметар“ е алтернативен команден систем на нуклеарните сили на Русија. Тој е наменет за автоматско управување со масовен нуклеарен удар.

Развојот на системот за т.н. гарантиран одмазнички удар започнува за времето на Студената војна, кога станува јасно дека постојано се развиваат средства за радиоелектронска борба кои многу бргу ќе можат да ги блокираат редовните канали за управување на стратешките нуклеарни сили. Се јавува потреба од резервна опција за врска, кој ќе гарантира испорака на команди до лансирни летала.

„Аморално“НАТО го карактеризира создавањето на системот за нуклеарен удар кој функционира без учество на човекот, како аморално. Сличен систем, сепак постои и во САД - тоа е Системот за итна ракетна комуникација (Emergency Rocket Communications System).

Тогаш се раѓа идејата за командната ракета опремена со силен радиопредавател, да се користи за поврзување. Додека лета над територијата на Советскиот Сојуз, таква ракета би можела да пренесува команди за пуштање ракети, при тоа не само на командните премини на Обединетата ракетна војска за стратешка намена, но и директно на лансирните летала. Според резолуцијата 695-227 од 30 август 1974 година, усвоена на затворената седница на Владата на СССР, одговорност за развојот на системот превзема конструкторското биро „Јужное“ во Депропетровск, кое се занимава со проектирање и изработка на интерконтинентални балистички проектили.

За основа се зема ракетата УР-100УТТХ (Spanker, односно „тркач“, според класификацијата на НАТО). Тестирањата започнуваат во 1979 година, а првото успешно лансирање на ракета со предавателот се одржува на 26 декември. Тестирањата потврдија дека сите компоненти на системот „Периметар“ комуницираат успешно и дека боевата глава на командната ракета ја држи зададената траекторија.

Во ноември 1984 година командната ракета, истрелана до Полоцк, пренесува команда на лансирните летала во силоси МБР РС-20 (SS-18, „Сатана“ според класификацијата на НАТО) на космодромот Бајконур. „Сатана“ е истрелана и по откачување на сите степени на ракетата е регистриран погодок на боевата глава во зададениот квадрат на камчатскиот полигон „Кура“. „Периметар“ е поставен во боева готовност во јануари 1985 година. Оттогаш системот се модернизира постојано и сега за командните ракети се користат современи интерконтинентални балистички ракети.

Четири „ако“

Во основата на системот се командните балистички ракети. Тие летаат не против непријателот, ами над територијата на Русија, и наместо термонуклеарни боеви глави во предниот им дел има предаватели кои испраќаат команди за истрелување на сите борбени ракети: од силоси, авиони, подморници и мобилни копнени комплекси. Системот е целосно автоматизиран, човечкиот фактор во дадениот случај е целосно исклучен или е минимален.

Решение за лансирање на командните ракети носи автономниот контролен команден систем во кој има програмски комплекс врз основа на вештачка интелигенција. Тој презема и анализира големо количество различни информации: за сеизмичката и радијациската активност, атмосферскиот притисок, интензитетот на радиоразмената на воените фреквенции, а освен тоа ја контролира телеметријата од Набљудувачките премини на ракетните сили со стратешко намена и податоците на системот за предупредување од нуклеарен напад.

На пример, ако системот открие бројни поединечни извори на јонизирачко и електромагнетно зрачење и ги спореди со податоците за сеизмички нарушувања на место со исти координати, тој прави заклучок дека станува збор за масовен нуклеарен удар. Во ваков случај „Периметар“ може да иницира повратен удар, дури и без учество на „Казбек“.

Другата опција е кога СПРН (Системот за предупредување од ракетен напад) добива информации за истрелување на ракети од териториите на други држави. Тогаш раководството на земјата го става „Периметар“ во борбен режим. Ако по одредено време не следува наредбата за исклучување, системот почнува да истрелува ракети. Такво решение го исклучува човечкиот фактор и гарантира нанесувањето на повратен удар дури и при целосно уништување на командата и единиците одговорни за лансирањето.

„Периметар“ „дреме“ во мирно време, но не престанува да ги анализира информациите што ги добива. При преминување во борбен режим или добивање на сигнал за тревога од СПРН, од Ракетните единици за стратешка намена и други системи се вклучува следење на мрежа од сензори за откривање знаци за нуклеарни експлозии.

Раководството на Русија постојано дава уверување на други држави, дека не постои ризик од случајно или несанкционирано истрелување на ракети. Пред лансирањето на алгоритамот за повратен удар „Периметар“ ја проверува усогласеноста на четири услови. Прво, дали станува збор за нуклеарен напад. Второ, се проверува врската со Генералштабот - ако таа постои, тогаш системот се исклучува. Трето, ако Генералштабот не одговара, „Периметар“ се поврзува со „Казбек“. Четврто, ако и тој молчи, тогаш вештачкиот интелект го добива правото да донесе одлука на кој и да е човек, кој се наоѓа во командниот бункер. И дури потоа почнува да дејствува самостојно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња