Посетители на презентацијата на мултимедијална инсталација специјално креирана од страна на Корпорацијата Росатом за да се одбележи 65-тата годишнина на првата советска атомска бомба модел „РДС-1“.
Максим Блинов/РИА НовостиНа 29 август 1949 г. првата советска атомска бомба беше успешно тестирана на полигонот Семипалатинск (на територијата на денешен Казахстан) – кој е со дијаметар од 20 километри. Моделот на атомската бомба беше РДС-1 (скратено за „специјален реактивен мотор“).
Дизајнот беше многу сличен на оној на првата американска плутониумска бомба „Дебелко“.
Во 1950 година беа произведени уште девет други бомби од моделот РДС-1. Веќе во март 1951 г., Советскиот Сојуз поседуваше 15 плутониумски нуклеарни бомби од овој тип.
На 5 август 1963 г. во рускиот главен град беше потпишан договор со кој се забрануваше тестирање на нуклеарно оружје во атмосферата, вселената и под вода - познат под името „Московски Договор“. Земји-потписнички на договорот беа СССР, САД и Велика Британија. Денес договорот се почитува од страна на 131 држава.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче