ФОТО: Како Хитлер ја изгуби Курската битка и последната надеж да победи во Втората светска војна

Историја
АЛЕКСЕЈ ТИМОФЕЈЧЕВ
Пред 75 години во битката кај Курс нацистите ја изгубија стратешката иницијатива. Токму по оваа битка Вермахтот започнува да се повлекува на источниот фронт, а советската војска ќе напредува сѐ до падот на Берлин.

Битката кај Курск (5 јули – 23 август 1943) е една од најголемите и најкрвави борби во историјата. Два милиони луѓе, 6.000 тенкови и 4.000 авиони учествуваа во оваа битка. Германците изгубија околу 500 илјади луѓе, а советите околу 250 илјади.

По тешкиот пораз во Сталинград, Хитлер очајно сакал нова победа на источниот фронт. Вермахтот имал намера да го разбие средишниот дел од источниот фронт, да се приближи на Москва од југ и да нанесе решителен удар на Црвената армија. Тајното име на оваа офанзива е Цитадела.

Своја летна офанзива планирала и Црвената армија, но откако дознале за операцијата Цитадела, советските генерали ја смениле тактиката. Офанзивата ја одложиле со надеж прво да го одбијат германскиот напад.

Пред почетокот на самата битка советската војска извела плодотворна операција на извидување и заробување војници. Така еден заробен германски каплар на 3 јули открил дека германската офанзива ќе започне за 2 до 30 дена. Откако со извидување на 5 јули се дознал и точниот час на операцијата, советската одбрана била ставена во целосна подготвеност.

Советските команданти започнале да применуваат смртоносна тактика. Цели батерии ЗиС и Ф-22 противтенковски топови биле распоредени по вкопаните и зајакнати линии со наредба да не пукаат дури германските сили не се приближат. Кога германските тенкови би дошле на оддалеченост од неколку стотини метри сите топови од батериите би отвориле оган насочен кон само еден тенк, би го уништиле и веднаш би продолжиле со огнот кон следниот тенк. Во исто време, пешадијата која била поставена странично и минофрлачите кои биле во блага заднина би отвориле оган по германската пешадија.

Во прочуената битка кај селото Прохоровка на 12 јули учествувале околу 1.000 тенка од двете страни. Битката била завршена со пат-позиција: германскиот напад е запрен, но Советите не успеале да направат обрач околу противникот и да го уништат.

Кај Прохоровка Германците ги користеле своите најнови тенкови – Тигар 1 и Пантер, но излегло дека тоа не им дава предност.

За време на Курската битка уништени се некои од најдобрите германски единици. Податоците за германските загуби варираат и се движат до 500.000 (загинати, ранети, исчезнати). Овој број ги опфаќа и загубите кои се случиле за време на советската контраофанзива. Германската војска има изгубено околу 1.000 тенкови и оклопни возила и околу 3.000 авиони.

Прочитајте уште: Курската битка: почеток на крајот на Третиот Рајх