10 советски авиони кои донесоа победа во Втората светска војна

Фјодор Левшин / РИА Новости
Воздушните сили биле решавачки фактор кој го забавил нацистичкиот напад на СССР во 1941 година и кој по четири години војна донесе апсолутна победа над Третиот Рајх. Оваа победа, без сомнение, не би била можна без храбрите пилоти. „Руска реч на македонски“ се сеќава на десет советски авиони кои ги упропастија плановите на Хитлер.

Јак-3

Јуриј Јаковлев / РИА Новости Јуриј Јаковлев / РИА Новости

Тип: Ловец

Јак-3 е подобрена варијантана авионот Јак-1, бил вооружен со два митралези Березин УБС 12.7 мм и еден топ ШВАК 20 мм. Можел да развие брзина од 655 километри на час. Произведени се 4.858 примероци и во 1944 година станал авион кој го соборил најголемиот ловец на Луфтвафе. Според книгата „Познати борци од Втората светска војна“ на Вилијам Грин, германската авијација со своите единици на источниот фронт препорачала да „избегнуваат борба под 5.000 метри со ловците Јаковлев, на кои им недостасува ладилник за маслото под клунот“.

Познатиот француски полк „Нормандија – Неман“ кој се борел во СССР ги користел авионите Јк-3 од 1944 година и со нив однел 99 победи од своите 273. Марсел Алберт, капетанот на оваа единица, сметал дека Јак-3 е супериорен во однос на најпознатите од тоа време P-51 Mustang и Supermarine.

Иљушин Ил-4

Тип: Среден бомбардер

Робустен и ефикасен уред. Произведени се повеќе од 5.000 единици, и сиве овие авиони биле користени во тактички продори на линијата на фронтот. Ил-4 можел да понесе до 1.000 килограми бомби и 1.500 единици под крилата. Исто така најмногу се користел како противбродски и противподморнички авион во Црното и во Балтичкото море. Токму тој ѝ е доделен на Северната флота и заедно со друг модел на Иљушин ДБ3, имал чест на 7 август 1941 година да учествува во нападот на Берлин откако прелетал 1.765 километри непријателска територија.

Тупољев Ту-2

WikipediaWikipedia

Тип: Среден бомбардер

Еден од најзначајните аеронаутички дизајни од Втората светска војна, Ту-2, благодарение на својата брзина и издржливост, како и на фиксните фронтални автоматски пушки ШВАК 20 мм, има соборено многу германски авиони и фрлено на непријателот до 4.000 килограми бомби. По бомбардирањето на романските фашисти во битката за Сталинград користен е против германските тенкови во Курск, во операцијата „Багратион“ во Белорусија во 1944 година. Се користел во операции во Романија, Унгарија, Полска и во битката за Берлин, а подоцна, по почетокот на војната против Јапонија, во Манџурија.

Интересно е што овој авион го има проектирано познатиот конструктор Андреј Тупољев за време на престојот во конструкторското биро ЦКБ-29НКВД, односно во затвор.

Петљаков Пе-2

Тип: Лесен бомбардер

Брз, лесен за управување, ефикасен и отпорен, можеби затоа советските пилоти му го дале прекарот „Пешка“ (пешак). Неговиот дизајнер Владимир Петљаков, кој бил затворен во 1937 година и исто така работел во гореспоменатиот ЦКБ-29, бил ослободен од Сталин, кој се восхитувал од можностите на авионот. Пе-2 можел да развие брзина од 580 километри на час. Екипажот бил составен од пилот, навигатор и артилерец. Бил вооружен со два митралези 7.62 мм ШКАС на носот и на опашката, а во 1942 година добил и митралез Березин УБ во куполата. Некои бомбардери биле опремени со фрлачи на гранати со падобран ДАГ-10. Освен тоа, Петљаков Пе-2 можел да понесе до 1.600 килограми експлозив.

Германскиот пилот оборен над Бабрујск (Белорусија) извесен А. Мудин, рекол дека Пе-2 е еден од најдобрите советски авиони: „Тоа е брз авион, добро вооружен и опасен за непријателот“.

Иљушин Ил-2

Фјодор Левшин / РИА Новости Фјодор Левшин / РИА Новости Тип: Ловец бомбардер

Авионот кој е пресуден за победата на СССР против германската војска. Имал два митралези 12.7 милиметри, два ШАКС-а од 7.62, два топа од 23 милиметри Вја-33с, носел 600 килограми бомби, и ракети РС-132 и РС-83. Руските пилоти му дале прекар „летачки тенк“, а Германците „Beton Flugzeug” (бетонски авион) и „Schwarz Tod” (црна смрт).

За време на војната вкупно се произведени 36.183 авиони, што го прави најброен модел во историјата на воената авијација и еден од најбројните во целата историја на авијацијата.

Идејата за советски јуришен авион настанала во триесеттите години од минатиот век. Ил-2 го дизајнирал Сергеј Иљушин во 1938 година. Самиот Иљушин му предложил на Сталин необична за тоа време идеја за „летачки тенк“, и побарал дозвола за дизајн и за конструкција. Идејата е одобрена и нарачани се два прототипа.

Лавочкин-5

WikipediaWikipedia

Тип: Ловец

Ла-5 на почетокот бил многу послаб од најдобрите авиони на Луфтвафе, но подоцна се покажал како многу корисен во борбите на мали височини. Најдобри резултати се постигнати под 3.000 метри. Вкупно се произведени 9.920 вакви авиони. Некои се опремени со три автоматски пушки Б-20. Познатиот советски пилот Алексеј Марсеев летал на него по ампутација на ногата.

Петљаков Пе-8

Тип: Тежок бомбардер

Единствен тежок бомбардер со четири мотори изграден во СССР за време на Втората светка војна кој бил во можност да понесе до 5.000 килограми експлозив и го има бомбардирано Берлин уште во август 1941 година. 93 авиони наголемо се користеле во сите видови мисии – од бомбардирање мостови преку Волга зимата 1941 до железничкиот јазол Орш за време на Курската битка во 1943 година.

Во 1942 година н еден Пе-8 советскиот министер за надворешни работи Молотов полетал во САД низ воздушниот простор под контрола на Луфтвафе, со цел да се состане со тогашниот американски претседател Рузвелт и да преговара за отворање нов фронт против нацистичка Германија.

Јаковлев-9

Тип: Ловец

Едномоторен авион со ниско крило. Во годините на Втората светска војна произведени се 16.769 вакви авиони. Првиот бил испорачан во октомври 1942 година, а набргу Јак-9 биле испратени во Сталинград. Јак-9Т е опремен со противтенковски брод Нудељман-Суранов НС П-37 кој наголемо се користел против непријателот на Црното море.

Интересно е дека некои авиони Јак-9 се користени за следење на американските Б-17 и Б-24 кои извршувале задачи во Романија. Пред крајот на војната тој бил првиот советски авион кој урнал германски ловец Messerschmitt Ме-262.

Тупољев ТБ-3

Soviet paratroopers sliding off a Tupolev TB-3, shortly before WW2

 

Тип: Бомбардер

ТБ-3 на изглед бил застарен за борбите во четириесеттите години од минатиот век (во 1930 бил првиот бомбардер кој користел конзолни крила). Во Втората светска војна го користеле како товарен авион.

Парадоксално, но повеќе од 500 постари ТБ-3 го преживеале „колежот“ на советското воено воздухопловство од страна на Луфтвафе во раните фази на инвазијата и брзо почнале да ги користат во ноќните напади. Оттогаш учествуваат во големите битки кај Смоленск, Москва, во опсадата на Ленинград, на Сталинград и на Курск.

Поликарпов По-2

Тип: Повеќенаменски авион

Еден од авионите кои се најмногу произведувани во историјата на авијацијата – 33.000. Прекарот му е „Кукурузник“ зашто се користел како запрашувач на посевите.

Кога единиците на Хитлер ја минале руската граница, во земјата имало 13.000, кои брзо се прилагодиле за ноќни мисии и пропаганда, зашто носеле микрофони и звучници.

Надежда Василевна Попова, херој на Советскиот Сојуз, член на 588 полк за ноќно бомбардирање, на легендарната единица позната на Германците како Nachthexen (Ноќ на вештерките), во една пригода избројала 42 погодоци во нејзиниот По-2!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња