Потврдена автентичноста на останките на царското семејство Романови

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

 

Најновите експертизи ја потврдија автентичноста на останките на семејството на последниот руски цар Николај II, соопшти Истражниот комитет на Русија.

Сложените молекуларно-генетски експертизи потврдија дека останките пронајдени 1993 и 2007 година во близина на Екатеринбург им припаѓаа на царот Николај II и членовите на неговото семејство, како и на лица од неговото опкружување, пренесуваат руските медиуми.

Како што се наведува, седум од единаесетте примероци припаѓаат на семејството чие членови бил „мајка, татко, четири ќерки и син“. Дека се работи за семејството на Николај II потврдуваат резултатите од споредбените анализи за генетските профили на живите роднини на семејството Романови. Исто така, извршени се споредби со остатоците на таткото на Николај II – Александар III, и утврдени се роднински врски „на ниво татко и син“.

Истражниот комитет ќе ја заврши истрага на кривичното дело за убиството на царското семејство Романови откако ќе ги добие резултатите од последните четири експертизи. Во тие вештачења е вклучена и документација од странски архиви до која се дојде последниве година и половина. Стручњаците се занимаваат со проучување на околу две илјади документи.

Прочитајте повеќе: Во Екатеринбург реконструирана собата во која е стрелано царското семејство Романови