Царското семејство на фотографии: Романови како никогаш претходно

press photo
Фотографиите што ги има направено семејството на последниот руски цар впечатливо забележуваат некои моменти од неговото бурно владеење кое Русија го минала низ Руско-јапонската војна, крвопролевањето во Првата светска војна и масовните побуни и демонстрации, пред трагично да заврши во Октомвриската револуција.

Владеењето на Николај Втори започнало лошо, а завршило ужасно, и било преполно со значајни и потресни настани. Изложбениот центар во Санкт Петербург собра 150 ретки и фасцинантни архивски фотографии од почетокот на 20 век кои ги забележале дворските фотографи и членовите на семејството Романови. Верувајте, некои од овие фотографии ги немате видено претходно.

Престолонаследникот принцот Алексеј Николајевич, 1911.

Великите кнегињи Ољга, Татјана, Марија и Анастасија. Царское село, 1903.

Царот Николај II и великите кнезови го носат ковчегот со светите мошти на Серафима Саровски, меѓу 17 и 20 јули 1903.

Престолонаследникот Николај Александрович со свршеницата Аликс од Хесе-Дармаштат. Кобург, 20. април 1894.

Царицата Марија Фјодоровна со децата, Санкт Петербург, почетoкот на деведесеттите години од 19 век.

Царското семејство и нивните блиски пријатели на мостот на јахтата „Стандард“ ја набљудуваат посадата која учествува во трка со едрилици. Фински гребени, [1907].

Царската едрилица „Петерхоф“ со царот Николај Втори и неговото семејство на дворското пристаниште. Николај прима извештај од министерот за морнарица Иван Констатинович Григорович, 1914.

Николај II и Александра Фјодоровна на покривот на Великиот дворец во Кремљ. Москва, 1903.

Игра „Лисици и гуски“. Фински гребени, 1911.

Тегнење јаже. Фински гребени, 1911.

Николај II во својот кабинет, 1900. 

Воена парада на московскиот гарнизон. Москва, 1903. 

Одмор во природа. Фински гребени, 1911. 

Царот Николај II, прва деценија на 20 век.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња