„Да се бомбардираат Кенингзберг и Мемељ”: Што стоеше во наредбата на генерал Жуков од 22 јуни 1941

Историја
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА

Министерството за одбрана на РФ на 22 јуни, по повод одбележувањето на Денот на сеќавањето и жалоста, на својот сајт објави уникатни историски документи за првите битки во Втората светска војна.

Рускиот воен ресор објави копија на ракописот на наредбата на Народниот комесаријат за одбрана бр. 2 од 22 јуни 1941 година, издадена од началникот на Генералштабот Георгиј Жуков три часа по почетокот на војната. Во наредбата се наведува дека е неопходно „со сите сили и средства да се нападнат непријателските сили и да се уништат во реоните каде што ја поминале советската граница“. Освен тоа, наредено е да се „бомбардираат Кенингзберг и Мемељ” (денешните Калининград и литванскиот град Клајпеда) и да се уништи авијацијата на непријателските аеродроми.

Прочитајте повеќе за објавените документи за првите денови на Втората Светска војна