Русија декласифицираше и објави архивски документи за првите денови на Втората Светска војна

Global Look Press

На сајтот на Министерството за одбрана на Руската Федерација се објавени уникатни историски документи кои се однесуваат на почетокот на Големата Татковинска војна, меѓу кои е и првата советска воена наредба и трофејна карта на германскиот план „Барбароса“.

На дигитализација на документите работеа припадници на одделението за информирање и медиуми на воениот ресор заедно со Централниот архив на Министерството за одбрана на РФ. Историската граѓа е објавена по повод годишнината од почетокот на Големата Татковинска војна. На сајтот можат да се пронајдат архивски материјали од кои се симнати ознаките за тајност, директиви на Народниот комесаријат за одбрана на СССР, наредби и извештаи на командири на воените единици и формации кои се нашле први на удар на германските трупи.

Трофејна карта на првата фаза на планот „Барбароса“

Во состав на проектот првпат е претставена трофејна карта на првата фаза на планот „Барбароса“ на која е детално даден распоредот  групациите на германските фашистички сили покрај руските граници и назначените правци на планираните главни напади на Вермахтот во првите денови на војната. Меѓу објавените документи се наоѓаат и десетици сведоштва за наградени красноармејци и нивните командири.

Министерството за одбрана на РФ претходно обелодени документи за прототиповите на јунаците во воените филмови, подвизите на жените во годините на Втората светска војна,  херојот на СССР Александар Матросов и Сталинградската битка.

Прочитајте повеќе за 22 јуни 1941: што знаеше Сталин?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња