Учесничките се пријавуваат за учество во натпреварот
Игор Михаљов/SputnikСѐ започна 1987 година кога весникот „Московски комсомолец” објави конкурс за најубава читателка. Конкурсот доживеа огромен успех и уредниците сонуваа за тоа да организираат нешто слично, но многу помасовно. Идејата ја изнесоа пред московското одделение на Комсомолот (Серуски ленински комунистички сојуз на младината) и тако е родено натпреварувањето под назив „Московска убавица”. Го финансираа московскиот Комсомол и спонзори, првенствено модната куќа Burda Moden. Се решија да ги прифатат сите пријави, без оглед на важечките стандарди за убавина.
Финалистките во април 1988.
Јуриј Масљаев/TASSНајголем проблем за организаторите беше тоа што никој не знаеше како изгледа натпревар во убавина. Тие, меѓу другото, бараа информации за тоа и во библиотеките. Кастингот е одржан во паркот Горки. Организаторот Марина Парусникова се сеќава дека редицата од кандидатки се пружал од станицата на метрото и дека таму немало само млади девојки, туку и жени со деца и мажи. Процесот траеше неколку месеци. Организаторите примија вкупно 2500 пријави и избраа 36 финалистки.
Финалето е одржано во спортската сала „Лужники“. Имаше три етапи: претставување во костим за капење, во народна носија и во вечерен фустан.
Учесничката Марија Калинина, 17 години.
Владимир Родионов/SputnikОбично на ваквите натпреварувања учесничките носат идентични костими за капење, но во овој случај секоја си донесе свој костим, па така публиката можеше да ужива во едноделни костими, како и во разнобојни бикини.
Учесничките одговараат на прашањата на сатиричарот Михаил Задорнов.
Ирина Суворова
Владимир Родионов/SputnikВо завршницата се пласираа само шест паметни и убави девојки. Тогаш почнаа проблемите. Парусникова се сеќава дека тие, откако се решиле да ги проверат личните карти на учесничките, откриле дека некои од нив се мажени, што било против правилата на натпреварувањето. Финалистката Ирина Суворова не само што беше мажена, туку имаше и дете. Не беше дисквалификувана, но можеше да ја заборави круната.
Оксана Фандера
Владимир Родионов/SputnikМеѓу шесте финалистки беше и 20-годишната Оксана Фандера, денес позната актерка. Иако му се допадна на жирито, немаше шанси да победи, затоа што дури неодамна пристигна во Москва и немаше официјален престој во градот, што беше уште едно правило.
Елена Дурнова
Владимир Родионов/SputnikЕдна од фаворитките беше Елена Дурнова, но ѝ отежна нејзиното презиме, кое на руски значи „грда“. Затоа жирито реши да не ѝ ја додели титулата на најубава московјанка.
Првата „официјално” прогласена советска убавица беше московјанката Марија Калинина. Кога подоцна разговараше со новинарите, рече дека натпреварувачките морале самите да си ја обезбедат гардеробата за натпреварувањето, па пријателките им помагале со соодветните предмети за облекување. Дури во финалето имале фустани од спонзорите.
Марија Калинина
Ј. Матвеев/SputnikМарија стана модел за модната куќа Burda Moden и подоцна се запиша во холивудска школа за актерство. Нејзините трошоци ги покриваше еден пар американски пензионери кои ги запознала на прием во Белата куќа. Денес живее во Лос Анџелес и држи курсеви за јога.
Лариса Литичевска
Н. Синицина/SputnikНа второто натпреварување наредната година победи 20-годишната студентка и членка на Комсомолит Лариса Литичевска. Третото и последно советско натпреварување за мис е одржано 1991 година и, макар што беше значително попрофесионално организирано, не привлече толку внимание, со оглед на бурните настани во земјата таа година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче