Уникатни, досега невидени фотографии и видеа на Романови ќе бидат објавени на социјалните мрежи

Историја
RUSSIA BEYOND
„Фејсбук“, „Твитер“, „Инстаграм“ и „Јутјуб“ ќе откриваат претходно непознати детали за последното царско семејство во следните 100 дена.

Државниот архив на Русија ќе објави претходно невидени фотографии од последното руско царско семејство за проектот #Romanovs100.

Дури 4000 слики и видеа од личната царска архива ќе бидат објавени на четири социјални медиумски платформи: „Јутјуб“, „Фејсбук“, „Твитер“ и „Инстаграм“. Материјалот ќе биде презентиран заедно со приказни за Николај II, неговата сопруга Александра Фјодоровна, нивните деца и пријателите на семејството.

Секоја платформа ќе има свој наративен стил. На пример, „Јутјуб“ ќе прикаже документарни снимки со кои ќе се откриваат и официјалните и приватните страни на царското семејство, додека неколку профили на „Твитер“ (за Николај, неговата сопруга и нивниот доктор) ќе раскажуваат приказни од прво лице. Британската историчарка Хелен Рапапорт, автор на Сестрите Романови: Изгубените животи на ќерките на Никола и Александра, ќе го води профилот на „Твитер“ за ќерките на Николај.

#Romanovs100 е соработка меѓу Државниот архив на Русија и проектот на RT #1917LIVE project – серија на профили на „Твитер“ со детали за револуционерни настани.

Прочитајте сè за династијата Романови: Три века на рускиот трон