Декласифицирано службеното досие на Јуриј Гагарин

Историја
RUSSIA BEYOND
Министерството за одбрана на Руската Федерација го одбележува Денот на космонаутиката со објавување на претходно тајни документи.

Министерството за одбрана на Русија на 12 април објави низа документи за Јуриј Гагарин (1934-1968), првиот човек во вселената. Претходно тајните информации сега се достапни за јавност на интернет и се чуваат во Центарот „Јуриј Гагарин“.

Документите го вклучуваат целото службено досие на Јуриј Гагарин и неговиот профил од 1961 година – годината на неговиот лет. Се наведува дека Гагарин бил во добра физичка состојба, дека имал високи интелектуални способности и дека „лесно ја поднесува посебната обука (летовите, падобранските скокови, центрифугата)... Дружељубивоста, оптимизмот и добрата смисла за хумор се главните црти на неговата личност“. Објавените документи покажуваат многу детален процес на тестирање.

Гагарин стана првиот човек во вселената кога со леталото „Восток“ направи круг околу Земјината орбита. Неговиот лет траеше 108 минути.

Прочитајте повеќе: Македонија во чест на Јуриј Гагарин