Кадар од документарниот филм „Првиот лет кон ѕвездите“. Јуриј Гагарин.
SputnikПрвиот од низата настани ќе се одржи на 12 април (четврток) со почеток во 11 часот, а истиот е во организација на амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија. Како и секоја година, така и оваа ќе биде положено свежо цвеќе пред спомен-бистата на Јуриј Гагарин кој се наоѓа во Скопје на улицата што го носи неговото име (наспроти зградата на Министерството за економија на Република Македонија). На присутните ќе им се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија н.е. Олег Николавич Шчербак, по што ќе следува положување на свежо цвеќе. По традиција, на крајот на настанот во воздух ќе бидат пуштени 57 балони кои ги симболизираат годините од полетувањето на Јуриј Гагарин во космосот.
Вечерта, пак, Скопското астрономско друштво го организира настанот насловен како „Ноќ на Јуриј - Светска вселенска забава“. Ноќта на Јуриј e светска иницијатива за прослава на 12.4.1961, полетувањето на Јуриј Гагарин во вселената. Како што потенцираат од Скопското астрономско друштво „на тој ден пред 57 години станавме раса која успеа да ја напушти матичната планета. Неговиот вселенски брод „Восток-1“ остана во орбитата 108 минути. Скопско астрономско друштво секоја година се приклучува на глобалната прослава со забава. Оваа година, со почеток во 20 часот, во Бифе Фросина (МКЦ) ќе се наздрави за бројните храбри вселенски патници кои ја напуштиле безбедноста на Земјата во име на науката.
Во истиот термин во Социјалниот центар „Дуња“ се организира отворена дискусија во која вовед ќе дадат Кристијан Шишковски од астрономскиот центар „Орион“ и Васко Цацаноски од Социјалниот центар „Дуња“. На настанот организаторите ќе се обидат да отворат многу перспективи на човечкото присуство во вселената. Не само оние кои се доминантно присутни во медиумите, воедно и еднострани и „романтизирани“, туку и: техничкиот развој на вселенските летови, сегашните и идните проблеми на човечките вселенски летови и престој на други небесни објекти, а исто така ќе се обидат ги опфатат и историските и социо-економските релации во кои овие настани се случувале порано и денес и каков пат ни трасираат во иднина. Истовремено ќе можете да се види и дел од постерите изработени од Зоран Кардула инспирирани од летот на Јуриј Гагарин. По дискусијата следува забава со „вселенска музика“.
Како и претходните години, така и оваа, Рускиот центар при УКИМ зема активно учество во одбележувањето на Меѓународниот ден на космонавтиката. По тој повод на 12.4. 2018 (четврток) со почеток во 21 часот во кафулето „Њу Ејџ“ (зад студентскиот дом „Кузман Јосифовски Питу“ во центарот на Скопје) ќе биде поставена изложба во електронски формат посветена на животот и делото на Јуриј Гагарин, како и на самиот прв лет во космосот. Исто така ќе бидат проектирани и архивски снимки од првиот лет, како и од настаните што следувале по него. Организаторите решија целото дружење да биде придружено со руска електронска музика од почетокот на деведесеттите години од минатиот век. При контактот со менаџментот на кафулето „Њу Ејџ“ ни открија и една тајна: имено тие решиле на посетителите да им го понудат и традиционалниот коктел Гагарин кој за првпат ќе можат да се проба во Македонија, а кој е направен според оригиналниот рецепт.
Во петок, пак, на 13 април со почеток од 20 часот и 30 минути во „Скај бар“ на хотелот „Русија“ ќе биде организирана и забава, која е исто така дел од светската прослава насловена како „Ноќта на Јуриј“ („Yuri's Night“).
Влезот на сите настани е слободен.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче