Германски офицер стои на запленето советско тешко оклопно возило БА-3. Ова возило, како и моделите БА-6 и БА-10 било особено популарно во финските единици. Определени запленети возила биле користени во Финска дури до педесеттите години од минатиот век.
Заробен „Германец“ Bf-109 во служба на советската армија.
Воен трофеј, тенк БТ-7 кој го користел Вермахтот. Финците во 1942 година на база на запленетиот БТ-7 го проектирале јуришниот топ BT-42.
Поранешен германски авион Fw 190 D-9 запленет од страна на авијатичка група на советската Балтичка флота.
Запленет авион Ju 52/3m. Овој транспортен авион со три мотори често служел за превоз на товар во советската позадини.
Советски тежок тенк КВ-1 во арсенал на Првата тенковска дивизија на Вермахтот.
Запленет тежок тенк КВ-2 со монтирана типична германска купола.
Советски војници со митралез MG 34.
Советската полуавтоматска пушка ППШ-41 била мошне популарна меѓу германските војници благодарение на својата едноставност и сигурност. Некои запленети примероци се преработени и прилагодени на германските куршуми со калибар од 9 милиметри (оригиналниот калибар е 7.62 милиметри).
Советска посада на тенкот Panzerkampfwagen III.
Германскиот тенк со средна големина Panzerkampfwagen III во служба на советската армија.
Советски војници од 107 посебен тенковски баталјон во 1942 година позираат на тенкот Panzerkampfwagen III.
Запленет тенк Panzerkampfwagen IV со советски екипаж од 151 тенковска бригада во 1943 година.
Пред да ги запленат Советите, овие тенкови Panzerkampfwagen V Panther ѝ припаѓале на Петтата тенковска дивизија на СС „Викинг“. Од запленетите тенкови е формиран посебен вид во состав на Осмиот гардиски тенковски корпус на Црвената армија.
Советскиот тенковски вод „Пантер“ во 1944 година во околина на Прага (предградие на Варшава).
Германскиот лесен оклопен транспортер Sd.Kfz. 250 Совети го користеле за набљудување во близина на Моздок на Северен Кавказ. Транспортерот е опремен со советски лесен митралез ДП-28.
Запленет тежок пешадиски тенк Т-26 во една единица на Вермахтот.
Запленет советски тенк КВ-2 и Т-34 во служба на 66 специјален тенковски баталјон.
Т-34 во тенковската дивизија „Гроздојчланд“ („Голема Германија“, Großdeutschland) во 1943 година.
Запленети тенкови Т-34 во Третата оклопна СС дивизија „Мртовечка глава“ (3. SS-Panzer-Division „Totenkopf“), 1942 година.
Советскиот лесен набљудувачки тенк Т-60 кој Германците го преуредиле во оклопен транспортер. Ја тргнале куполата и поставиле митралез МG 34.