Ги користеле ли Советите германските трупи во борбата против нацистите?

Сoјуз на германските офицери.  Генералот  Валтер фон Сејдлиц Курцбах држи весник во раце.

Сoјуз на германските офицери. Генералот Валтер фон Сејдлиц Курцбах држи весник во раце.

TASS
Нацистите во текот на Втората светска војна биле сигурни дека се борат против таканаречените „Сејдлицови трупи“. Се верувало дека станува збор за ослободување на германски заробеници со кои командувал поранешниот генерал на Вермахтот Валтер фон Сејдлиц Курцбах, кој наводно преминал на страната на Советите. Колку има вистина во тоа?

Разбивање на блокадата

Во германската војска генерал Сејдлиц Курцбах го сметале за извонреден стратег. Токму неговите решителни акции го извлекоа 2-oт германски армиски корпус од опколувањето во Демјанскиот џеб на почетокот од 1942.

Кога 6-та германска армија, во која Сејдлиц ја презел командата над 51-от корпус, била опколена во ноември 1946, тој исто така имал план да го пробие овој обрач и да се повлече. Сепак командантот на 6-та армија генерал Фридрих Паулус го одбил планот и до крај ги слушал наредбите од Берлин. Хитлер не дозволувал повлекување.

По повеќе неуспешни обиди да го убеди својот командант, Сејдлиц ја презел иницијативата во свои раце. Му напишал директно на генерал-фелдмаршалот барон Максимилијан фон Вајхс, заповедник на окупираниот Балкан: „Да се остане инертен е злосторство како од воена гледна точка, така и од гледна точка на одговорноста кон германскиот народ“. Вајхс никогаш не му одговорил.

Сејдлиц (лево) и Фридрих Паулус

Тогаш Сејдлиц се обидел со своите единици да ја пробие блокадата, но без поддршка од другите единици акцијата била осудена на неуспех. Кога Советите го заробиле генералот на 31 јануари, тој бил крајно разочаран и гневен на Паулус и на Хитлер.

„Германскиот Власов“

Кога советските офицери за првпат се обиделе да го наговорат Сејдлиц да соработува, сфатиле дека тој е подготвен за такво нешто. Генералот ја изгубил вербата во германската команда и бил шокиран од сталинградската катастрофа.

За мошне кусо време се согласил да соработува со комунистите. „Тој верувал дека кој било чекор што ќе го забрза крахот на Хитлер, ќе биде добар за Германија, па ако треба и да се соработува со Сталин“, пишува американскиот историчар Семјуел В. Мичам.

Со уште 93 офицери Сејдлиц го формирал Сојузот на германски офицери кој самиот го предвидел, а станал и потпретседател на Националниот одбор за слободна Германија, со кој раководеле германските комунисти.

Сејдлиц така на некој начин го повторил сето она што заробениот советски генерал Андреј Власов го направил на германската страна: застанал на чело на Комитетот за ослободување на народот на Русија.

Сејдлиц исто така активно учествувал во пропагандистичката војна. Се убедувал да ги убеди командантите на Вермахтот дека Хитлер со поразот во Сталинградската битка ја предал Германија, дека германските офицери се заколнати на верност на земјата, а не на фирерот.

„Штом ќе исчезне Хитлер, Германија ќе мора да потпише мир“, му пишувал Сејдлиц на командантот на 9-та армија Валтер Модла во октомври 1943. „Натерај го Хитлер да се повлече! Повлечи ја војската од руската земја! Тоа ќе ни обезбеди достоинствен мир и слобода на германскиот народ“.

Гермнаски заробеници.

Генералите на Вермахтот не обрнувале внимание на писмата на Сејдлиц. Сепак, неговите обраќања до бранителите на Кенигзберг (Калининград) да се предадат довеле до капитулација на гарнизонот во април 1945 година.

Најголемата желба на Сејдлиц била да формира германски единици кои би се бореле против нацистите заедно со германските единици. Но, за тоа се прашувал само Сталин.

Единиците на Сејдлиц – мит или реалност?

И покрај бројните барања на Сејдлиц, Сталин никогаш не дозволил формирање воени единици од германски заробеници. Тие служеле само за градежни работи. Советското раководство имало сомнеж дури и кон етничките Германци, а не пак кон заробените непријатели. Поволшките Германци биле под постојан надзор и често ги селеле што подалеку од фронтот, а во 1941 година биле протерани на Сибир и во Средна Азија.

Кога станува збор за поранешните нацисти, некои што доброволно преминале на страната на Советите, ги пополниле редовите на партизаните, како што е Франц Шменкел, кој дури бил награден и со орден Херој на СССР. Но, тоа биле поединци. Формирањето воени единици од германски заробеници не доаѓало предвид.

Значи, Сејдлиц никогаш не успеал да создаде советски еквивалент на Руската ослободителна војска на Власов. Напротив, барањето на романските воени заробеници за формирање единици кои ќе се борат рамо до рамо со советските војници било одобрено, па постоеле две романски пешадиски дивизии.

Сепак, нацистите верувале дека сретнале „Сејдлицови трупи“ и дека се бореле против нив, биле уверени дека со авионите Few-190 и Ме-109, воен плен украсени со црвени ѕвезди и користени за фрлање пропагандни летоци и за извидување, ги управувале германските пилоти на Сејдлиц.

Трофејниот Месершмит Bf 109.

Хелмут Алтнер, млад војник кој до последните денови го бранел главниот град на Третиот Рајх, се сеќава во своите мемоари „Берлински танец на смртта“ дека на Берлин заедно со советските војници јуришале и трупите на Сејдлиц во германски униформи со црвени ленти на ракавите. „Не можев да верувам. Германци против Германци!“. Хелмут никогаш лично не ги видел, но тоа му го раскажале тенкистите.

Но, ниту во германските, ниту во руските архиви не постојат никакви документи или службени информации за постоење на вакви формации. Војската на Сејдлиц била мит и никогаш не постоела.

Кога станува збор за судбината на генералот, тој минал многу подобро од својот „колега“ Власов. Извесно време минал во заробеништво, а животот го завршил во 1976 година во ГДР. Андреј Власов е погубен во Москва во 1946 година.

Прочитајте уште: Како Црвената армија победи во Сталинградската битка: Три најважни фактори

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња