Проект 971 „Штука-Б“.
Владимир Сајапин/TASSПрипадниците на Северната флота решија деновиве првпат да проговорат за легендарната операција која на времето добро им ги скинала нервите на американската Воена морнарица. Имено, во 2012 година атомските подморници на Северната флота незабележани стигнаа во подрачјето на Мексиканскиот залив и се позиционираа на оддалеченост доволна за ракетен напад во близина на една од главите американски подморнички бази.
„Нашите подморници имаа задача да заземат позиции на подрачјето на воено-поморските бази на Соединетите Американски Држави. Задачата беше одлично извршена. Подморниците не беа забележани пред да се идентификуваат во тоа подрачје, а потоа во тајност се вратија во базата“, изјави за телевизијата „Ѕвезда“ командантот на дивизијата атомски подморници капетан прва класа Сергеј Старшинов.
Во походот учествуваа подморници од проектот 971 „Штука-Б“.
Овие пловила се изградени во периодот од 1983 до 2001 година и станаа основна класа на повеќенаменските атомски подморници на руската флота. Нив ги заменија подморниците од проектот 671РТМК „Штука“.
Подморниците од проектот „Штука-Б“ се вооружени со торпедно-ракетен систем. Торпедните уреди калибар 533 мм можат да користат длабоководни торпеда УГСТ, електрични самонаведувани торпеда УСЕТ-80, крстосувачки ракети C-10 „Гранат“ со нуклеарна боева глава и други торпеда.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче