Министерството за одбрана на РФ објави точно кога е истакнато Црвеното знаме на Рајхстагот

Познатата фотографија на Евгениј Халдеј (во боја)

Познатата фотографија на Евгениј Халдеј (во боја)

Voller Erst/dpa-Zentralbild/Global Look Press
Советското знаме е истакнато на покривот на главната зграда на Рајхстагот во Берлин на 30 април 1945 година во 14 часот и 25 минути, забележано е во воениот извештај на Првиот белоруски фронт чии единици водеа борби за Рајхстагот.

Во пресрет на Денот на заштитникот на Татковината, Министерството за одбрана на РФ на својот официјален сајт објави историски документи посветени на важни настани во изминативе сто години од историјата на руските Вооружени сили.

Во изборот на документи е вклучен и воениот извештај на командантот на штабот на Првиот белоруски фронт, маршалот на Советскиот Сојуз Георгиј Жуков од 30 април 1945 година за борбите во реонот во кој се наоѓа Рајхстагот и неговата главна зграда. Во извештајот се вели дека единиците на Третата ударна армија ја зазеле главната зграда на Рајхстагот и на неговиот покрив го истакнале Советското знаме на 30 април 1945 година во 14 часот и 35 минути.

Со симната ознака за тајност објавена е и наредбата на началникот на штабот на Првиот белоруски фронт за запознавањето на командниот кадар на единиците со макетата на градот Берлин и неговата околина од март 1945 година, со помош на која е планирана операцијата.

Освен тоа, рускиот воен ресор го објави нацртот на Декретот на Советот на народни комесари од јануари 1918 година за формирање на Црвената армија со измените на Владимир Ленин и првото издание на наредбата на народниот комесар за одбрана Јосиф Сталин број 24 од 10 јануари 1943 година, „За воведување на нови ознаки на личниот состав на Црвената армија“ со која во советската армија се воведени еполети.

Министерството за одбрана на РФ објави и низа документи од повоениот период.

Треба да се каже и тоа дека рускиот воен ресор кон крајот на минатата година обелодени историски документи од фондовите на Централниот архив во кои се зборува за материјалната помош на СССР за Полска во периодот 1944–1945 година.

Прочитајте повеќе: Кој ѝ ги „истури цревата“ на Хитлеровата воена машинерија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња