На руски Алтај пронајдена уникатна гробница од епохата на Големата преселба на народите

Павел Филатов
Научниците на Алтајскиот државен универзитет во Барнаул за време на археолошките ископувања во Република Алтај открија воени гробишта од 3-4 век од нашата ера, соопшти прес-центарот на универзитетот.

„30 километри од базата Чемал, до селото Еланда, пронајдовме локална гробница од епохата на Големата преселба на народите. Тоа се мали воени гробишта на територијата на археолошкиот споменик Чобурак-I. Се работи за предтуркиски периоду, што ни дава важни материјали за реконструкција на процесот на интеракција на населението на оваа територија на преминот меѓу двете епохи. Тоа е приближно 3-4. век од нашата ера, преминот од Стариот век во Средниот век. Гробницата ѝ припаѓа на булан-кобинската култура”, се наведува во соопштението.

Според податоците на факултетот, овој комплекс претходно не е ископуван, што овозможува најквалитетна реконструкција со помош на естетсконаучните методи.

Истражувањето на ова наоѓалиште ќе биде реализирано во рамките на претседателскиот грант што го доби водечкиот научник од универзитетската лабораторија Николај Серјогин: две години тој ќе добива средства во износ од 600 илјади рубли годишно.

„Проектот навистина отвора големи можности. Убеден сум дека ќе откриеме голем број претходно непознати и многу интересни материјали. Нашата основна задача е комплексна реконструкција на процесот од периодот на Големата преселба на народите“, објасни Серјогин.

Прочитајте зошто богатството на Троја се чува во Русија?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња