Руски археолози пронајдоа траги од Византија и Калифатот во древен Суздаљ

Накит пронајден во некрополата Шекшово

Накит пронајден во некрополата Шекшово

Институт за археологија на РАН
На археолошкото наоѓалиште кај Суздаљ е пронајден гроб на „космополитска љубителка на модата” од 10 век со византиски и арапски накит.

Археолошките ископувања во некрополата Шекшово на територијата на древен Суздаљ им овозможија на научниците на северот на Русија да пронајдат траги од византиски и арапски артефакти кои укажуваат на тоа дека овој дел на Русија бил голем центар за трговија за време на владеењето на синовите на Јарослав Мудри, соопшти Институтот за археологија на Руската академија на науки.

„При неодамнешните ископувања на територијата на некрополата Пекшово пронајдовме гроб на една крајно „космополитска љубителка на модата“. Во нејзиниот гроб се пронајдени околу 140 предмети. Меѓу нив има византиски и арапски монети, накит од фински и словенски тип. Тоа ни овозможува да констатираме врски на жителите на оваа област со далечните краеви и уште еднаш да покажеме дека древна Русија била вклучена во интензивна културна и трговска размена”, објаснува академик Николај Макаров, раководител на ископувањата и директор на Институтот за археологија на РАН.

Гробот на „љубителката на модата“

Овој крај, познат како Суздаљско Опоље, претставува пространа брановидна висорамнина на територијата на современите Владимирска и Ивановска области на Русија и во Средниот век бил јадрото на Владимирско-Суздаљското кнежество.

Од 2011 година научниците на Институтот за археологија вршат ископувања на територијата на големата некропола Шекшово. На средината на XIX век грофот Алексеј Уваров на тоа место пронашол  244 кургани, а во близина голема населба од X-XII век. Меѓутоа, денес на тоа место има само ораници.

Академикот Макаров објаснува дека неговиот тим морал да пронајде нови методи на геофизичка анализа кои на руските археолози им овозможиле да ги пронајдат „невидливите“ некрополи. Најзначајниот нов наод претставува гроб на жена стара од 20-29 години. Во нејзиниот гроб се пронајдени околу 140 средновековни предмети, првенствено накит и парчиња облека.

Научниците исто така добија потврда дека на североистокот на Русија кон крајот на X – почетокот на XI век имало обичај на покојникот да му се даваат „пари за премин“. Оваа традиција да им се даваат пари на мртвите со кои ќе можат да си го платат преминувањето во задгробниот живот е позната од античко време, но слични наоди во Русија се ретки и слабо документирани. Вакви пари овој пат се пронајдени во гроб на мажи стар 20-25 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња