Пред 60 години: Нуклеарниот мразокршач „Ленин“ спуштен во вода во Ленинград

RIA Novosti
Цели 30 години низ мраз го пробиваше патот за илјадници бродови.

Нуклеарниот мразокршач „Ленин“ беше првиот нуклеарен мразокршач. Конструиран и изграден да служи на Северната поморска рута (меѓу рускиот Далечен Исток и европскиот дел на Русија) и за експедиции на Арктикот. Мразокршачот „Ленин“ беше 134 метри долг и 27 метри широк. Имаше и платформа за хеликоптери.

Мразокршачот беше пуштен во вода на 5 декември 1957 година а тргна на своето прво патување на 15 септември 1959 година. Во 1989, бродот беше изваден од експлоатација и е постојано закотвен во Мурманск. За повеќе од 30 години служба бродот преплови 654400 наутички милји и направи пат за 3741 пловила низ мразот. Мразокршачот сега служи како музеј.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња