Пред 46 години: Советската вселенска сонда Марс-3 првпат слета на Марс

Историја
RUSSIA BEYOND
Вселенскиот брод беше дизајниран за истражување на Црвената планета.

Советската автоматска интерпланетарна станица Марс-3 се состоеше од вселенска станица (вештачки сателит) и апарат за слетување. Првото на светот слетување на површината на Марс беше единственото во текот на советската вселенска програма.

Вселенската сонда без човечки екипаж беше лансирана од космодромот Бајконур на 28 мај 1971 година. Мисијата на Марс траеше повеќе од шест месеци и нејзиното пристигање на Марс се совпадна со голема бура од прашина.

Марс-3 слета на 2 декември 1971 година. Најпрвин се чинеше дека сѐ е во ред, но откако почна да испраќа во Русија снимки од планетата трансмисијата ненадејно запре – мисијата траеше цели 15 минути. Фотографиите кои пристигнаа на Земјата беа сиви со малку детали.

Како и да е, по одвојувањето вселенската станица орбитираше околу Марс и повеќе од осум месеци ја набљудуваше планетата.