„И Олег седна во Киев да владее и рече: Ова нека биде мајката на руските градови“. Вака во најстариот Несторов летопис е опишана одлуката на кнезот Олег, еден од првите владетели на Древна Русија, Киев да стане престолнина на скоро формираната држава на источнословенските племиња од крајот на 9 век.
„Олег”, Виктор Васнецов, илустрација на поемата на Александар Пушкин „Песна за мудриот Олег”, 1899.
Владимир Вдовин /RIA NovostiОваа држава ја има создадено династијата Рјуркович на територијата на Ладога и Велики Новгород. Од овие руски градови државноста се проширила и на Киев кога Рјуркович го зазеле, убивајќи ги тамошните кнезови Асколд и Дир и припојувајќи го кон своето кнежевство. Летописите оваа држава ја нарекле Рус (Русь). Терминот „Киевска Русија“ (Киевская Русь“) го смислиле историчарите во 19 век. Така народот кој живеел во оваа држава е наречен Руси („русские“), како што се нарекуваат и денешните Руси. Овој етноним во различни варијации (Рус, Русин, Русак, Руснак) го користеле сите православни и унитски Источни Словени, жителите на средновековните руски кнежевства, на Московското царство, Литванија и Полска-литванската државна заедница, а подоцна и православното и унитско население на Руската и на Австриската империја, сè до средината на 19 век, кога на некои територии на овие држави започнува да се формира посебен украински и белоруски идентитет.
За историчарите и за оние кои во Советскиот Сојуз беа одговорни за идеологијата (и кои беа прилично внимателни кон чувствата на различните етнички групи) Древна Русија и старите Руси не претставуваа проблем, нити беа доведувани во директна врска со современите Руси (за волја на вистината, до неодамна ниту за мнозинството историчари на Запад таков проблем не постоеше). Официјалниот историски став кој фигурираше во учебниците гласи дека Киевска Русија била првата држава на Источните Словени и колепка на „старорускиот етнос“. Од тој стар суперетнос подоцна, во современиот период (во 19 век), настанале денешните Руси, Украинци и Белоруси.
Овој историски став во денешна Русија останува непроменет. Но, во соседна Украина на многумина не им се допаѓа заедничкото минато со Русите и фактот дека во сите стари извори се споменува зборот „руски“, а не се споменува зборот „украински“. Официјалната историска верзија на денешна Украина вели дека Киевска Русија била протоукраинска држава, а ова се тврди врз основа на погрешното мислење дека поголемиот дел од територијата на некогашна Древна Русија се наоѓа во денешна Украина (а, всушност се наоѓа на територијата на современа Руска Федерација). Значи, тргнувајќи од оваа заблуда, денешната официјална украинска историја ги прикажува руските кнезови како украински, а Киев како град кој отсекогаш бил украински. Згора на тоа и самата Древна Русија ја третира како Украина, па дури и така се нарекува „Украина-Рус“ („Украина-Русь“). Така се создава претстава која подразбира директна врска помеѓу Стара Русија и современа Украина.
„Украина-Русија” („Украина-Русь”), Алексеј Максимов (1870-1921). Средневековно кнежество.
Згора на тоа се тврди дека денешна Русија нема ништо заедничко со историјата на Киевска Русија. Современа Русија се прикажува како некаква северна земја која настанала отприлика во средината на 12 век. Но, реалноста е таква што Киев навистина едно време имал доминантна позиција во Стара Русија, но со текот на времето центарот на државата се преместил на север – најпрво во градот Владимир, а потоа во Москва, со тоа што Велики Новгород има задржано посебна и мошне важна улога како културен и трговски центар и како извор на државноста и колепка на династијата Рјуркович. Понатаму, денешните Руси во актуелната украинска интерпретација на историјата се прикажуваат како посебен народ кој нема врска со Киевска Русија, кој е пред сè од угро-финско потекло, и во чија генеза во голема мера учествувале Татарите – уште од 13 век дошле на оваа територија и ги поробиле предците на современите Руси. Вистината, сепак, е во тоа дека Златната Орда ја покорила токму Украина, и тоа во целост (Киев бил разорен од Бату-хан), по што денешната украинска земја ја поделиле Ордата и Литванија. Од друга страна, Ордата не го освоила, ниту го разорила најголемото староруско феудално кнежевство во кое водечки градови биле Новгород и Псков.
Денес официјалната украинска историја ја обвинува Русија дека го има украдено наследството на Киевска Русија и дека го промовира како своја сопствена историја, крадејќи им ја на тој начин на Украинците националната меморија. Може да се каже дека ваквиот пристап е насочен кон узурпација на историјата на Киевска Русија со тежнеење денешна Русија да се исфрли од некогашното заедничко историско милје.
Кај споменикот на кнезот Владимир во Москва
Виталиј Белоусов/RIA NovostiВаквата интерпретација е прилично радикална и изобилува со фантазија, па не е ни чудо што веќе предизвика многу скандали. Минатата година претседателот на Украина Петро Порошенко даде официјална изјава во врска со тоа дека споменикот на „нашиот“ (односно украински) кнез Владимир е подигнат во Москва. Но, кнезот Владимир Руската православна црква одамна го канонизираше зашто го вовел христијанството во Стара Русија.
Потоа се крена голем прав во Киев кога Путин за една кнегиња од Стара Русија рече дека е руска кнегиња, како што порано се велеше.
Станува збор за елементарни историски факти кои се познати во целиот регион и на сите луѓе кои учеле историја на училиште. Поради тоа е и неприфатлива за определени уважени украински историчари. Еден од нив е Петро Толочко, раководител на Институтот за археологија, чија презентација на книгата во Киев минатата година ја саботираа националистите. А, книгата е посветена на историјата на Стара Русија. Толочко е поборник на традиционалното разбирање на Киевска Русија како заедничка колепка од која потекнале три словенски народа.
Националистите го карактеризираа Толочко како „антиукраинец“ и го обвинија за негирање на самото постоење на Украина.
Центар на руската култура и наукаНационалистите го карактеризираа Толочко како „антиукраинец“ и го обвинија за негирање на самото постоење на Украина.
Очигледно биле инспирирани од изјавите на споменатиот историчар дека во далечното минато не може да се бара Украинец во неговиот современ етнокултурен облик. Според мислењето на овој научник, ниту Киевска Русија не може да се третира како украинска држава од едноставна причина што таа опфаќала огромна територија од Новгород на север (на Новгород му припаѓале земјите од Волгода и Карелија на север – тие официјално биле во состав на староруската држава) до Карпатите на Запад и сливот на Волга во Ока на исток. Огромен дел од оваа територија се наоѓа во денешна Русија.
Толочко нагласува дека е сосема погрешно да се одделува од Киевска Русија историјата на територијата која подоцна станала Московско кнежевство. На двете места владееле кнезово од истата новгородска династија Рјуркович. Тие биле блиски роднини. Според украинската интерпретација излегува дека, на пример, таткото на кнезовите е во Киевска Русија, а синот во некаква замислена држава од 12 век која се нарекувала Московија. Но, старируските владетели биле меѓусебно тесно поврзани, а идејата за единствена Стара Русија била лајтмотив на сите староруски летописи. Петро Толочко е загрижен поради тенденцијата за митологизација на украинската историка, која веќе се спроведува во училишните и во универзитетските учебници.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче