Човекот кој ги враќа во живот словенските богови

*КОЛОВРАТ*

*КОЛОВРАТ*

Игор Ожиганов
Игор Ожиганов од рускиот град Јошкар Ола ги оживува ликовите, божествата и митските битија од древните словенски бајки. Неговите дела ги воодушевуваат гледачите.

Калинов мост, место на легендарните битки на руските јунаци со Змејот Гориничи. / Игор ОжигановКалинов мост, место на легендарните битки на руските јунаци со Змејот Гориничи. / Игор Ожиганов

Авторот на овие необични слики на словенски митски битија е руски уметник од Јошкар Ола во република Мариј Ел на истокот од Русија.

Сирин, митско битие со глава и гради на убава жена и тело на птица. / Игор ОжигановСирин, митско битие со глава и гради на убава жена и тело на птица. / Игор Ожиганов

Игор Ожиганов е роден 1975 година. Студирал индустриски дизајн на Поволшкиот државен универзитет за услуги во Тољати, а потоа престојувал во Москва од 1999 до 2008, каде работел како дизајнер.

Сварог, словенско божество, покровител на ковачите. / Игор ОжигановСварог, словенско божество, покровител на ковачите. / Игор Ожиганов

Своите илустрации Игор ги прави од хоби, а не за пари. Откако 2008 година се вратил во родниот град, работел главно како дизајнер на ентериери.

Берегина, словенско божество кое ги штити само достојните луѓе. / Игор ОжигановБерегина, словенско божество кое ги штити само достојните луѓе. / Игор Ожиганов

„Кога своите дела ги објавив на Интернет, не очекував дека ќе бидат толку популарни зашто веќе постојат разни видови слични фантастични графики на оваа тема“, вели тој за „Руска реч на македонски“.

Црнобог (Црн бог) е словенско зло божество кое носи разорувања. / Игор ОжигановЦрнобог (Црн бог) е словенско зло божество кое носи разорувања. / Игор Ожиганов

Игор е голем обожавател на нордиската култура, па на неговите илустрации мошне влијаеле словенската и скандинавската митологија. На делата цртани со рака Игор им додава компјутерски ефекти, со цел да постигне мистичен, речиси психоделичен ефект.

Триесет и три морски јунаци и моќниот принц Гвидон, ликови од Пушкиновата „Сказна за царот Салтан“ / Игор ОжигановТриесет и три морски јунаци и моќниот принц Гвидон, ликови од Пушкиновата „Сказна за царот Салтан“ / Игор Ожиганов

„За секоја илустрација потребно е различно време“, вели тој. „Сè зависи од моето расположение, така што не можам да работам според некоја определена нарачка. Правам илустрации за календари и разгледници кои ги објавувам со своите пријатели без никаква обврска“.

Перун, најголемото божество на словенскиот пантеон, покровител на молњите и громовите. / Игор ОжигановПерун, најголемото божество на словенскиот пантеон, покровител на молњите и громовите. / Игор Ожиганов

Уметникот за себе вели дека не е прав професионалец и дека само сака да црта.

Морана, словенска божица која се поврзува со сезонските ритуали поврзани за смртта и повторното раѓање на природата. / Игор ОжигановМорана, словенска божица која се поврзува со сезонските ритуали поврзани за смртта и повторното раѓање на природата. / Игор Ожиганов

„Често ќе се најдам себеси како размислувам дека она што го правам е повеќе за себе, одошто за публиката“, тврди тој. „Додека цртам моите емоции стануваат мошне силни и чувствувам како да нуркам во сликата – тоа е навистина прекрасно чувство“.

Жива, словенска божица на животот и плодноста. / Игор ОжигановЖива, словенска божица на животот и плодноста. / Игор Ожиганов

Игор има многу нешта на ум, но обично музиката ми помага идејата за сликата да исплива на површина. „Главната цел ми е да го пренесам на цртеж она што го чувствувам додека ја слушам омилената музика“.

Стрибог, божество на ветровите и бурите. / Игор ОжигановСтрибог, божество на ветровите и бурите. / Игор Ожиганов

Тој има многу почитувачи, а некои од нив го прашуваат дали прави тетоважи. „Многу луѓе кои ги сакаат моите илустрации би сакале да се тетовираат, но јас тоа не го правам од принцип“, вели тој.

Сцена од Пушкиновата поема „Руслан и Људмила“ во која Руслан наидува на глава на џиновски јунак. / Игор ОжигановСцена од Пушкиновата поема „Руслан и Људмила“ во која Руслан наидува на глава на џиновски јунак. / Игор Ожиганов

Уметникот од Јошкар Ола не сака публицитет, но ќе продолжи да ги објавува своите дела на Интернет.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња