Радио
В. Алешкевич/TASSРадио „Младост“ почнува со емитување на програмата на 16 октомври 1962 година. Тоа е првата радио-станица за советската младина. Бардот Јуриј Визбор активно учествува во создавањето на станицата.
Радиото емитува популарна советска музика – Ала Пугачова, Лариса Долина, како и рок-музика – Кино, Алиса, Наутилус Помпилиус. Радиото емитува и нова странска музика. Тоа е првата радио-станица во Советскиот Сојуз што почнува со емитување на програма во живо.
До 1991 година радио-станицата нема своја фреквенција, така што нејзините програми се емитуваат во различно време и на различни бранови должини.
Во 1998 година, радио-станицата станува дел од Серуската државна телевизиска и радио дифузна компанија (ВГТРК). По ребрендирањето, радиото го добива називот ЈуФМ и емитува популарна денс музика. Последната радио-емисија ја емитува во јули 2016 година.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче