
TASS
Ленин (лево) со сестра му Олга во Симбирск (Улјановск) 1874 година. Од сите членови на семејството Владимир најмногу ја сакал Олга. Таа умрела од тифус кога имала 20 години (1891). Штом се вратил од емиграција во април 1917 Ленин отишол на нејзиниот гроб во Петроград (Санкт Петербург). Велат дека тоа било првото нешто што го сторил.

RIA Novosti
Ленин (десно) игра шах со рускиот научник и револуционер Александар Богданов. Партијата шах ја следи Максим Горки (стои со шешир на главата). Островот Капри 1908.
TASS
Ленин во прошетка покрај полскиот град Закопане (1913). Во овој крај, во селото Поронин во Галиција (областа тогаш ѝ припаѓала на Австро-Унгарија) Ленин живеел од 1912 до почетокот на Првата светска војна. Бил уапсен под сомнение дека е шпион, но потоа бил ослободен.
RIA Novosti
Владимир Бонч-Бруевич и Ленин во прошетка покрај ѕидините на Кремљ, 16 октомври 1918. Советскиот политичар, историчар и писател Бонч-Бруевич му бил личен секретар на Ленин и пријател.
RIA Novosti
Ленин ја разгледува спомен-плочата на паднатите за мир и дружба на народите, 7 ноември 1918.
Штајнберг / RIA Novosti
Ленин на погребот на револуционерот Марк Елизаров, 13 март 1919. Марк бил сопруг на сестрата на Ленин Ана.
Николај Алексеев / RIA Novosti
Ленин на Црвениот плоштад. Работнички демонстрации посветени на Големата октомвриска социјалистичка револуција, 7 ноември 1919.
Карл Була / RIA Novosti
Ленин на Третиот конгрес на Коминтерната во Кремљ, 7 јули 1921.
Ленин си игра со новиот пес на имотот на Максим Горки покрај Москва (1922). Лекарите му советувале на Ленин да поминува повеќе време со животни за да си ги смири нервите.
Ленин са братанецот Виктор, син на Дмитриј Улјанов, 1922. Виктор стана инженер, работеше и живееше во Москва.