5 книги кои мора да се прочитаат за да ја сфатите руската револуција

Михаил Шолохов. „Тивкиот Дон“

Михаил Шолохов. „Тивкиот Дон“

Kinopoisk.ru
За сите писатели, од Блок до Пастернак, револуцијата е драма која го разурнала општеството и стариот начин на живот. На местото на првичниот восхит од промените доаѓа разочарувањето.

1. Александар Блок. Поемата „Дванаесетте“

Еден од најголемите руски поети на дваесеттиот век, префинет лиричар и романтичар, првично ја прифаќа револуцијата со восхит, гледа во неа можност за духовно освежување на општеството, за изградба на нов живот.

Во својата поема „Дванаесетте“ (1918) Блок ја претставува револуцијата како апокалипса: во еден руиниран Петроград (името на Санкт Петербург во периодот 1914-1924 година) царува пропаст, глад, студ, улични грабежи и пукање. Но, Блок го поздравува и го оправдува уривањето на стариот свет и ја слави новата револуционерна стихија.

Александар Блок. Поема „Дванаесетте“ / Јуриј Аненков Александар Блок. Поема „Дванаесетте“ / Јуриј Аненков

Хероите на поемата, 12 црвеноармејци, 12 „апостоли“ на новата вера, со леснотија ги принесуваат човечките животи во жртва на новата ера. „Пальнём-ка Пулен во Святую Русь - / Во кондовую, / Во избяную, / Во толстозадую!“ (Нека грмнат куршуми во Светата Русија! / Во затворничката, / во колибарската, / дебелозадната! – заб. прев.) викаат тие.

Пред красноармејците „во бел венец“ од рози оди Исус Христос. За овој лик постојат различни толкувања - дали Христос ја благословува револуцијата и ја води по себе, или црвените го избркале, откако ја уриваат верата.

Во 1920-1921 година Блок се разочара од револуцијата и престанува да пишува стихови. Умира во исклучително длабока депресија од болест на срцето.

2. Максим Горки. „Песна за Буревесник“, раскази

Максим Горки е вистински инспиратор и „пејач“ на револуцијата - тој е окрилен од револуцијата од 1905 година и од соборувањето на монархијата. Без аристократско потекло, тој станува водечки писател на пролетаријатот. Редови од неговото творештво влегуваат во револуционерниот лексикон.

Владимир Ленин и Максим Горки, репродукција на цртеж / ТАССВладимир Ленин и Максим Горки, репродукција на цртеж / ТАСС

Во расказот „Старицата Изергил“ (1894) има парабола за храбриот млад убавец Данко кој го оттргнува срцето од градите за да го спаси својот народ.

Песната „Песна за соколот“ (1895) е парабола за змијата, која се фрла од карпа по соколот, и додека паѓа надолу, не може да си објасни зошто птиците се стремат кон небото; мисли дека среќата е токму во пропаѓањето. Револуционерите и младите се воодушевени од оваа „Песна“ – го сметаат нејзиното влијание врз умовите за посилно од сите слогани, а фразата „роден да ползи не може да лета“ се претвора во афоризам. Дури Ленин има насловено писмо до Горки „До авторот на Песна за соколот“, во кое тој ја потврдува убеденост дека писателот е верен на идеите на револуцијата.

Песната „Песна за Буревесник“ (1901) се претвора во вистински химна на револуцијата. Птицата станува предвесник на приближувањето на револуцијата: „Нека бурата посилно удри!“, вика таа.

Но, кога ќе ја види „бурата“ во акција, Горки се разочара од револуцијата, го нарекува Октомврискиот преврат како предвремен и опасен експеримент. Подоцна тој ја опишува хрониката на револуцијата од 1917 година и сите нејзини ужаси во циклусот статии „Несвоевремени мисли“.

Во 1921 година Горки емигрира во Европа, но во 1932-33 година, на покана на советската влада се враќа во Русија. Тој ја одобрува Сталиновата политика и започнува активна литературна дејност. Пишува многу за постигнувањата на советскиот поредок, но ништо не споменува во врска со репресиите и теророт. Животната и креативна позиција на Горки се исполнети со противречности и до ден денешен неговите дела предизвикуваат многу контроверзии и литературни дискусии.

3. Михаил Булгаков. „Белата гарда“

Булгаков никогаш не верувал во социјализмот и е монархист до последниот ден од својот живот. Тој не ја прифаќа револуцијата, но не ја напушти земјата. Многу негови дела, натопени со омраза кон новата реалност, се забранети за издавање.

Михаил Булгаков. “Белата гарда” / Kinopoisk.ruМихаил Булгаков. “Белата гарда” / Kinopoisk.ru

Софистицирани и тешки впечатоци од мешаница револуционерното време Булгаков ги изразува во првиот, во голема мера автобиографски роман „Белата гарда“ (1924). Авторот го опишува својот роден град Киев, обземен од граѓанската војна од 1918-1919 година. Ликовите на романот се белогардејци, од семејство на интелектуалци. Вклучени во револуционерните настани и граѓанската војна, тие настојуваат да го зачуваат стариот начин на живот. Но, светот околу нив се урива: загинува христијанската култура и се уништува онаа социјална средина на интелигенцијата, кон која припаѓа и самиот автор и неговите ликови. И единственото нешто што може да го одржи овој свет кој е доведен до работ на бездната е љубовта: кон луѓето, семејството, домот и татковината.

4. Михаил Шолохов. „Тивкиот Дон“

Шолохов е единствениот добитник на Нобеловата награда за литература со официјално овластување од советските власти - во 1965 година за романот „Тивкиот Дон“ (1925-1940), кој може да се нарече „Војна и мир“ на дваесеттиот век.

Михаил Шолохов. “Тивкиот дон” / Kinopoisk.ruМихаил Шолохов. “Тивкиот дон” / Kinopoisk.ru

Шолохов, израснал во козачки хутор, ги опишува трагичните последици од револуцијата и граѓанската војна за Донското козаштво како целина и за секое одделно семејство, кое се нашло во „воденицата на историјата“. Главниот лик на романот, Козакот Григориј Мелехов, го сака својот хутор и сонува за мирен работен век, но е принуден да замине во војна. Неговите упорни скитања меѓу белите и црвените, од една кон друга жена, го одразуваат смутот во срцата на целиот народ.

Самиот Шолохов ја поздравил советската власт и верувал во „светлата иднина“, но кога исчезнува и последната надеж за подобар живот, Шолохов практично замолчел и се повлекол од литературниот живот.

5. Борис Пастернак. „Доктор Живаго“

За романот „Доктор Живаго“ (1945-1955) Пастернак ја добива Нобеловата награда, но книгата е забранета во СССР повеќе од 30 години. Преку ликот на главниот лик, докторот и поет Јуриј Живаго, Пастернак покажува како се трансформира сложениот и нееднозначен однос на руската интелигенција кон револуцијата.

Борис Пастернак. “Доктор Живаго” / Kinopoisk.ruБорис Пастернак. “Доктор Живаго” / Kinopoisk.ru

Првично Живаго, како и многу други, ја разбира величината на промените: „Колку прекрасна хирургија! Да земеш и наеднаш да ги исечеш старите смрдлива чиреви“. Но потоа Живаго се разочаруваа откако гледа како промените се развиваат не во таа романтична, воспеана од Блок револуција, ами во крвав војнички масакр, кој ја доведува земјата до пропаст. Покрај тоа, тој се прекорува самиот себеси за првичниот „невнимателен восхит“ од новата власт, поради што сега, како што му се чини, тој (и целата интелигенција) мораат да платат.

За време на Граѓанската војна Живаго се стреми да остане настрана од воените дејствија, но откако е заробен од црвените, работи како лекар кај нив. По две години успева да избега и од црвените, и од белите, и да се скрие од сите во една зафрлена шума, каде пишува стихови и ги преиспитува сите настани.

Пастернак доаѓа до заклучок дека револуцијата е трагедија за човештвото, насилство над самиот живот, над природата и нејзините природни закони.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња