Претседателот на РФ Владимир Путин смета дека во времето на Ленин на Русија ѝ била поставена „атомска бомба“. Вака рускиот лидер на седницата на претседателскиот Совет за наука и образование ја коментираше изјавата на шефот на Курчатовскиот институт Михаил Коваљчук.
„Да се управува со текот на мислите, тоа е во ред, но само тие мисли треба да доведат до правилни резултати, а не како во случајот со Владимир Илич. На крајот таа мисла доведе до распад на Советскиот Сојуз, ете до што доведе. Имаше многу слични мисли, за автономија и така натаму. Поставена е „атомска бомба“ под зградата која сега се вика Русија и таа потоа се тргна. И светската револуција не ни беше потребна. Ете такви беа мислите таму“, го цитира Путин „Интерфакс“.
Кога станува збор за Коваљчук тој ја цитираше поемата на Борис Пастернак „возвишена болест“ во која писателот зборува за Ленин.
„И откако го видов на јаве, мислев до бескрај за неговото авторство, за неговото право да биде одважен во прво лице“, го цитираше поетот Коваљчук. „Одговорот е: тој управуваше со текот на мислите и само затоа и со земјата“.
По тој повод Коваљчук предложи во областа на науката да се пронајдат „такви организации, кои треба да управуваат со текот на мислата во одредени правци“, пренесува „Лајфњуз“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче