7 факти за „Спутник 1“, првиот земјин вештачки сателит

Историја
ВИКТОРИЈА ЗАВЈАЛОВА
На 4 октомври 1957 година, човештвото влезе во вселенското доба со лансирањето на „Спутник 1“, првиот сателит на светот направен од човекот. Патувањето во вселената стана реалност и повеќе не беше ограничено на доменот на научната фантастика. Еве неколку многу интересни факти за она што се случи пред 60 години.
  1. „Спутник“ беше лансиран за да се совпадне со денот на Меѓународната геофизичка година. Меѓународниот совет на научни сојузи сметаше дека соларниот период таа година ќе биде идеален за лансирање на вештачки сателити за проучување на Земјата и сончевиот систем.
  2. Советскиот сателит беше видлив со двоглед пред изгрејсонце и по зајдисонце. Неговата најоддалечена точка од Земјата беше околу 940 км (584 милји), додека неговиот перигеј беше 230 км (143 милји). 
  3. „Спутник“ емитуваше радио сигнали до Земјата доволно силни за да бидат фатени од аматерски радио оператори. Помина над Северна Америка неколку пати на ден, а американските граѓаните со пристап до таква опрема имаа можност да го слушнат бипкањето на советското вселенско летало над нивните глави.
  4. „Спутник“ беше 10 пати поголем од првиот планиран американски сателит „Експлорер“, кој беше лансиран на 31 јануари 1958 година. „Спутник“ ја почна „трката во вселената“ и ги стимулираше напорите на американската вселенска индустрија за достигнување на советската.
  5. Батериите ги надминаа очекувањата. „Спутник“ беше напојуван од три сребрено-цинкови батерии дизајнирани да работат две недели, но сателитот продолжи да испраќа радио сигнали 22 дена. На 4 јануари 1958 година, „Спутник“ изгоре во атмосферата.
  6. Кризата „Спутник“ беше период на јавен страв и вознемиреност кај западните земји. Имаше стравови дека Советите ќе создадат балистички проектили способни да носат нуклеарно оружје од Источна Европа до САД. „Спутник“ го забрза создавањето на НАСА. Терминот беше измислен од тогашниот американски претседател Двајт Ајзенхауер.
  7. Басенот покриен со мраз на Плутон, Спутник Планитија, беше именуван по првиот сателит во светот. Неговата површина е околу 1050 км на 800 км (650 на 500 милји). Спутник Планитија во најголема мера лежи претежно во северната хемисфера, но се протега и преку екваторот на планетата.