Руските сателити ќе можат да гледаат низ облаци и под земја

Сателит.

Сателит.

Shuttertock/Legion Media
Руски научници развиваат технологии кои им овозможуваат на воените сателити да гледаат низ облаците, па дури и под земјата, вршејќи потповршинско сондирање, изјави раководителот на проектната група на Фондот за перспективни истражувања (ФПИ) Максим Вакштејн.

„Перспективното технолошко решение се состои во преминот во високофреквентен радиодијапазон кој обезбедува набљудување во сите временски услови. Во прилог на тоа, тие обезбедуваат висока просторна резолуција на сликите, а исто така овозможуваат и потповршинско сондирње, со што може да се откријат објекти невидливи во оптичкиот дијапазон“, изјави Вакштејн за РИА „Новости“.

Според него, постојните технологии кои работат во оптички спектар имаат голем број на недостатоци поврзани, особено, со ограничувања кога работат во облачно време. Тогаш видливата светлина не поминува низ облаците и Земјата станува скриена за сателитско набљудување.

„ФПИ ги поддржува истражувањата за создавање радиооптички активни фазни антенски решетки (РОФАР), кои во споредба со класичната технологија имаат зголемени перформанси, енергетска ефикасност, имунитет на голема бучава, отпорни се на електромагнетни импулси. Сето тоа заедно го прави РОФАР најперспективен радар на иднината“, прецизира претставникот на ФПИ.

Фондот за перспективни истражувања е основан во 2012 година за помош во научните истражувања и разработки во интерес на одбраната и безбедноста на земјата. Активностите се спроведуваат во три главни области - хемиско-биолошка и медицинска, физичо-техничка и информатичка.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња