Акциите на „Гаспром“ поставија апсолутен рекорд

„Гаспром трансгас“, Краснодар/Global Look Press
Акциите на „Гаспром“ поставија светски рекорд и се искачија над 369,5 рубли (4,39 евро), надминувајќи го претходниот максимум, покажуваат податоците на Московската берза.

Претходниот максимум беше регистриран на 27 септември, кога цените на хартиите од вредност на компанијата достигнаа 350,89 рубли (4,17 евра) по акција - максимум од 2008 година, пишува „Лента“.

Индексите се зголемија поради зголемувањето на цените на гасот во Европа. Во текот на тргувањето на берзата ICE, нивната вредност достигна рекордно ниво: ноемвриските фјучерси во хабот TTF во Холандија достигнаа 1200,36 за 1000 кубни метри.

На 27 септември „Гаспром“ склучи два договори со Унгарија за испорака на гас до крајот на 2036 година. Руската компанија ќе ѝ продава на Будимпешта 4,5 милијарди кубни метри гас годишно, кој на унгарска територија ќе стигнува преку Србија и Австрија. На 1 октомври „Гаспром“ објави прекин на транзитот на руски гас за Унгарија преку територијата на Украина.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња