Првиот човек на „Гаспром“ кажа до кога ќе траат резервите на гас во Русија

Global Look Press
Претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер изјави дека Русија има резерви на гас за 100 години.

Русија има најголеми резерви на гас во светот и нема да има проблеми со оваа суровина во следните сто години, изјави претседателот на управата на „Гаспром“ Алексеј Милер.

Милер додаде дека некои наоѓалишта на полуостровот Јамал, кои во моментов ги експлоатира „Гаспром“, ќе бидат активни до 2132 година. Во врска со тоа, постојат големи можности за испорака на гас од гасовод, истакна тој.

Претходно беше соопштено дека резервите на гас во Русија за десет години се намалиле за 27%. До 2015 година, тие беа околу 70 трилиони кубни метри, а наредната година паднаа на 50 трилиони. Во 2020 година резервите изнесуваа 29,2 трилиони.

Со денешните технологии за експлоатација, Русија има профитабилни резерви на нафта само 21 година. Ова претходно го кажа в.д. претседателот на Федералната агенција за минерални суровини (Роснедра) Евгениј Петров. Притоа како најперспективен регион за истражување за резерви на нафта тој го наведе Западен Сибир.

Поранешниот претседател на „Роснедра“, Евгениј Кисељов, во мај изјави дека резервите на нафта во Русија ќе пресушат за 58 години, додека профитабилната продажба на нафта ќе биде можна само во наредните 19 години.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња