Двокатниот воз што ќе ги превезува патниците преку Кримскиот мост изведе пробно возење од Севастопол до Симферопол, објави агенцијата ТАСС.
Според соопштението на прес-службата на претпријатието, целта на возењето била процена на подготвеноста на инфраструктурата.
Комсомолскаја Правда / Global Look Press
Тестирањето на возот беше извршено на железничката пруга меѓу Симферопол и Севастопол, при што на делницата од Мекензиевите ридишта до дестинацијата возот поминува низ шест тунели, долги од 125 до 507 метри.
Претходно беше објавено дека ќе биде пуштен во сообраќај железничкиот мост до Крим преку Керченскиот теснец.