Русите за три дена купија повеќе од 12000 билети за првите возови преку Кримскиот мост

Кримски мост
Билетите беа пуштени во продажба на 8 ноември. Во текот на првиот ден беа продадени преку 5 илјади билети.

Ширум Русија се продадени над 12000 билети за првите возови од Москва и Санкт Петербург кои ќе поминат преку Кримскиот мост до Севастопол и Симферопол и назад, соопшти за агенцијата ТАСС во понеделникот, 11 ноември, дирекцијата за патни услуги на федералното државно претпријатие „Кримска железница“ (КЖД).

„Вкупно, ширум Русија, според податоците утрово, продадени се 12027 билети, а на Крим 2344 билети“, соопшти соговорникот на агенцијата.

Компанијата „Гранд сервис експрес” на 7 ноември објави дека првиот воз од Санкт Петербург за Севастопол ќе замине на 23 декември. Патувањето ќе трае 43,5 часа, а на 24 декември ќе тргне првиот воз од Москва за Симферопол, кој би требало да патува 33 часа. Прв ќе помине преку Кримскиот мост возот од Санкт Петербург. Цените на билетите се движат од 2966 рубли (42 евра) па нагоре.

Прочитајте повеќе: Сите тајни и предизвици во изградбата на железничката делница на Кримскиот мост

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња