Испитување на јавното мислење: 96% од Русите го смета отворањето на Кримскиот мост за важен настан

Виталиј Тимкив/Sputnik

Околу 96% од Русите го сметаат пуштањето на Кримскиот мост за сообраќај за важен настан, додека една четвртина од испитаниците планира да помине преку новиот мост во блиска иднина, покажуваат резултатите од истражувањето на Серускот центар за истражување на јавното мислење (ВЦИОМ).

Пуштањето во сообраќај на мостот со кој Кримскиот полуостров е споен со остатокот на Русија го сметаат 73% од Русите за важен настан на национално ниво. 23% од анкетираните граѓани не го делат ова мислење, верувајќи дека отворањето на мостот е пред сѐ од значење за жителите на југот на земјата. Вкупно 96% од учесниците во истражувањето ја препознаваат важноста на настанот, додека за 1% тој нема особено значење.

За отворањето на мостот слушнале речиси сите возрасни жители на земјата (97%), притоа 92% реагирале на веста позитивно, а само 1% со неодобрување. Преку мостот во блиска иднина сакаат да поминат 23% од анкетираните, покажаа резултатите од истражувањето.

Кримскиот мост, кој беше свечено пуштен во сообраќај на 15 мај, ги спои Керченскиот полуостров (Крим) со Таманскиот (Краснодарски крај). Потребата од негова изградба се покажа по присоединувањето на Крим кон Русија во 2014 година. Мостот треба да овозможи непречена сообраќајна комуникација на полуостровот со останатите руски региони. Отворањето на железничката делница на Кримскиот мост е планирано за следната година.

Истражувањето на ВЦИОМ е спроведено на 20 и 21 мај на примерок од 2000 случајно одбрани претплатници на фиксната и мобилната телефонија.

Според Михаил Мамонов, еден од раководителите на ВЦИОМ, истражувањето покажало дека Кримскиот мост за руските граѓани не е само објект на сообраќајната инфраструктура на југот на Русија, туку е и предмет на гордост.

Прочитајте повеќе: Зошто изградбата на величествениот Кримски мост толку ги разбесни Американците?

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња