Повеќецевни ракетни фрлачи ТОС-1А „Сонцепјок“.
Вадим Савицки/Global Look PressСѐ поголем број на држави во својот арсенал ги имаат тешките повеќецевни ракетни фрлачи ТОС-1А „Сонцепјок“. Овие машини неодамна првпат беа демонстрирани и на маневрите на копнените сили на Алжир.
Алжирские "Солнцепеки". Фото: https://t.co/XATIVP0XzK,#weapons#оружиеpic.twitter.com/ILoVx7Z6P3
— Komandante (@KomandanteS17) May 13, 2018
На интернет уште лани се појави информацијата дека оваа северноафриканска држава купува од Русија убојно оружје, но алжирската армија досега ниту еднаш не го демонстрираше јавно.
Судејќи според објавените материјали, тешкиот повеќецевен ракетен фрлач е направен на шасија на тенкот Т-90С кој сега е главното оружје на тенковските сили на оваа земја.
Според мислењето на воените експерти, военополитичкото раководство на Алжир одлучило да набави ваква техника кога ја видело нејзината примена во Ирак и Сирија. Во тие жаришта системите „Сонцепјок“ покажаа мошне висока ефикасност и дадоа значителен придонес за крахот на терористичката организација „Исламска држава“.
Треба да се истакне дека врз основа на сириското искуство, руската армија годинава одлучи да ги вооружи и своите артилериски единици со модернизирани системи ТОС-1А.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче