Овие маневри беа првата јавна демонстрација на овие системи на полигоните за обука. „Бук-М2Э”, судејќи според искуството од борбените дејствија во Сирија, е многу ефикасно орудие, каде прикажа исклучително висок процент на пресретнување (преку 80%) на најсовремени крстосувачки ракети лансирани од поморски и воздухопловни борбени платформи. Кога се работи за авиони, тие можат да ги соборат на далечина од 45 километри и на висини до 25 километри со сигурност до 95%.
ЗРК "Бук-М2Э" замечены в Алжире#weapons#оружие#бронетехникаpic.twitter.com/ax9xeTqwpX
— Komandante (@KomandanteS17) 16 May 2018
Овие противвоздушни ракетни системи се поставени на гасенична шасија ГМ-569 или на шасија на тркала произведена во Минскиот машински завод. Јарославскиот дизел-мотор со турбо-полнач со сила од 420 коњски сили му овозможува на системот да развие брзина до 80 километри на час. Возилото користи хидромеханичка трансмисија.
Системот со полн резервоар може да помине до 1000 километри. Има хидропневматски систем за потпирање. Тежи 22 тона. Може да носи 12 тони терети. Шасијата без проблем се користи на температури поголеми од 50 степени Целзиусови.
Според мислењето на воените експерти, противвоздушните ракетни системи од овој модел се сѐ повеќе популарни на меѓународниот пазар на оружје и постои голема веројатност дека „Бук“ ќе го набават и други земји кои сакаат да го заштитат својот воздушен простор.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче