Русија изби на второто место според испораката на течен природен гас во Европа

Global Look Press
Русија е на второ место според испораката на течен природен гас (ТПГ) на Европската унија, изјави Сергеј Приходко, прв заменик-раководител на апаратот на Владата на Русија.

Според Приходко, повеќе гас извезува само Катар. Се очекува дека оваа година Русија ќе го задржи показателот за количината на гас што преку цевководи се извезува низ Европа до приближно рекордното ниво од 2018 година. „Минатата година на европскиот пазар преку цевководи беа извезени рекордни 201,9 милијарди кубни метри руски гас“, прецизираше тој, пренесува агенцијата РИА „Новости”.

Во годишниот извештај на Меѓународната асоцијација на извозници на течен гас, објавен во април, се наведува дека во 2018 година најмногу течен природен гас во Европа извезле Катар, Алжир и Нигерија. Катар во 2018 година испорачал 16,42 тони, Алжир 9,29 и Нигерија 9,09 милиони тони ТПГ. Во текот на 2018 година Европа увезела вкупно 48,9 милиони тони течен гас, што е 6% повеќе од 2017 година.

Русија во 2018 година ја зголемила испораката на течен природен гас во Европа благодарение на пуштањето во работа на проектот „Јамал СПГ“ на компанијата „Новатек“. Така, според количината на извоз на овој гас во Европската унија, Руската Федерација се доближи до САД. Сосопственикот и шеф на компанијата „Новатек“ Леонид Михељсон во февруари изјави дека рускиот течен гас би можел да биде поевтин за Европа од американскиот, бидејќи оваа компанија може да ја намали цената на неговата експлоатација.

Прочитајте повеќе: Путин: Русија ќе го зголеми производството на течен природен гас

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња