Словачка и Русија ќе потпишат нов договор за авионите МиГ-29 вреден 100 милиони долари

Економија
RUSSIA BEYOND - МАКЕДОНИЈА
Премиерот на словачката Петер Пелегрини ја информираше јавноста дека неговата земја ќе потпише нов договор со Русија кога станува збор за одржувањето на борбените авиони МиГ-29. Вкупната вредност на договорот е проценета на 100 милиони американски долари.

„Руската Федерација и компанијата РСК „МиГ“ во наредните 4-5 година ќе се погрижат за борбената способност на нашата авијација. МиГ-29 е авион кој го штити небото на Република Словачка“, изјави Пелегрини на конференцијата за новинарите која следуваше по состанокот со неговиот руски колега Дмитриј Медведев во Москва.

Како што пренесува интернет-порталот РИА „Новости“, практичната реализација на овој договор е планирана за почетокот на есента.

По распадот на заедничката држава словачкото и чешкото воздухопловство имаа по 10 апарати од типот МиГ-29. Кон средината на 90-тите години на минатиот век Словачка набави уште неколку авиони од овој тип и комплетираше ескадрила ловци.

Во моментов одржувањето на 12 оперативни авиони МиГ-29 го чини Военото воздухопловство на Словачка околу 30 милиони евра годишно.

МиГ-29 (НАТО-класификација Fulcrum) е советски/руски авион-ловец од 4 генерација. Негова основна намена се ловечко-пресретнувачки дејства со цел воспоставување ефективна контрола над воздушниот простор. Оспособен е за борба против широк спектар воздушни цели, при што благодарение на своите исклучителни маневарски способности е многу опасен во блиска воздушна борба, во сите временски услови на денот и ноќта. За ловечко-пресретнувачки дејства користи ракети со мал и среден дострел. Исто така, помодерните верзии на овој авион се оспособени и за класични бомбардерски задачи, при што користат високопрецизни ракети и бомби со голема деструктивна моќ.

Прочитајте повеќе за МиГ-29 – машина „гладна“ за блиска воздушна борба