МиГ-29
Вадим Савицки/Global Look PressКако што пренесува интернет-порталот „Национален Интерес“, како потполковник на ВВ на САД, во 2001 година учествувал во програмата за тактичко лидерство на НАТО во рамките на која се обучувале пилоти на ловечки апарати од војските кои во меѓувреме станале дел од Алијансата. Во тој момент на Северноатлантскиот воен сојуз почнале да му се придружуваат земји кои биле во состав на поранешниот Варшавски договор. Една од тие земји била Полска, која влегла во НАТО со авиони од советско потекло. Конкретно, се работело за ловечко-пресретнувачката ескадрила на ВВ на Полска која била опремена со тактички ловци МиГ-29.
„Ние имавме задача на тие пилоти да им ја претставиме западната тактика на употреба на ловечката авијација“, вели Гај Рејзер, чии зборови ги пренесува интертет-порталот РГ. Исто така, полските пилоти биле должни да изведуваат практична обука заедно со пилотите на НАТО.
На завршната воздухопловна вежба, четири полски МиГ-29 го обезбедувале налетот на своите колеги кои управувале со исто така четири ловци-бомбардери Су-22. Тие летале кон целта на мала висина, само неколку десетици метри над земјата. Целта ја покривале авиони на НАТО F-16. Американскиот старешина и пилот Геј Рајзер во тој момент се наоѓал на задното седиште на челниот полски ловец МиГ-29.
Според него, кога ќе се спореди овој авион со апаратот F-15E, советскиот аналог бил „значително поманеварбилен во одредени ситуации, но со малку поголема потрошувачка на горивото“, се присетува на тоа време американскиот офицер.
За време на таа воена вежба на американскиот пилот од составот на ВВ на САД му тргнало од рака уште еднаш да полета со советското летало. Тој повторно ги констатирал високите маневарски способности на овој авион. Меѓутоа, пилотите кои летале со авионот во голема мера се потпирале на копнена навигација, така што ситуациската свест била помала отколку кај американските пандани, како и тактичкиот радиус на дејство.
„Операторите на копнените станици имаа практично еднакво влијание на контрола над авионот како и самите пилоти. Нам целта ни беше да ја раскинеме таа зависност“, вели тој.
Гај Рејзер исто така летал и на местото копилот на ловец-бомбардер Су-22, кого го опишува со зборовите дека се работи за „мускулозен“ авион, кој исто така во голема мера зависи од копнените станици на летање. Меѓутоа, американскиот пилот признава дека не би сакал да се сретне во некоја воздушна битка со овие типови на авиони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче