Американското Министерство за земјоделство го проценува рускиот извоз на житарки на 46,1 милиони тони.
Аналитичарите на Министерството за земјоделство на САД (USDA) предвидуваат дека Русија ќе ожнее 38,4 милиони тони житарки за сточна исхрана: пченка, јачмен, ’рж, овес и просо. Вкупниот принос ќе биде 115,4 милиони тони, пишуваат „Ведомости”.
Руското Министерство за земјоделство проценува дека приносот на житарки ќе биде околу 118 милиони тони (за 5% поголем отколку во 2018 година), од кои 75-78 милиони тони ќе бидат пченица. За разлика од американските процени, руските податоци го опфаќаат и приносот од Кримскиот полуостров, како и приносот на зрнести мешунки и хелда.
Аналитичката компанија „Совекон” предвидува цифра од 129,1 милиони тони, вклучувајќи 83,4 милиони тони пченица, институтот ИКАР дава процена од 126 милиони тони со 80,6 милиони тони пченица, аналитичкиот центар на „Русагротранс”, најголемиот оператор за транспорт на житарки, очекува 125,5 милиони тони и 80,4 милиони тони пченица, а аналитичката агенција „Прозерно” најавува принос од преку 130 милиони тони житарки и 82,2 милиони тони пченица.
Според податоците со кои располага USDA, Русија и понатаму, трета сезона по ред, ќе биде најголем извозник на пченица на светот (36 милиони тони). Американското Министерство за земјоделство проценува дека вкупниот извоз на житарки од Русија ќе изнесува 46,1 милиони тони.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче