Русија ѝ продала на Кина рекордни количини жито во 2018 година

Reuters
Русија во 2018 година извезе во Кина рекордна количина на жито - повеќе од 1,5 милиони тони, соопшти шефот на Федералната служба за ветеринарна и фитосанитарна контрола „Россељхознадзор“ Сергеј Данкверт на седницата на Колегиумот на оваа служба што се одржа во средата во Москва.

„Посебно внимание е посветено на извозот на жито, кој во 2018 година достига рекордно ниво и првпат во историјата на современа Русија надмина 1,5 милиони тони“, рече тој.

Според Данкверт, постигнат е договор во најскоро време да се потпишат протоколите за фитосанитарните барања кои се однесуваат на комињето на шеќерната репа (нус-производ добиен во процесот на производство на шеќер од шеќерна репка и претставува резанци на шеќерна репка од кои со екстракција е издвоен сируп), а исто така и на протеински погачи на маслена репка, сончоглед и соја (кои се спореден производ при процесот на цедење масло од семе на растителни култури и кои во зависност од финалната обработка можат да бидат во прав или во гранули).  

Во моментов се извршени неопходните процедури за усогласување кои ќе овозможат и Курганската област се приклучи на групата од шест руски региони кои имаат право да извезуваат пченица. Сега целата територија на Русија има право да извезува соја. Претходно тоа правило важеше само за пет региони.

Како што соопшти Денкверт, во 2018 година се усогласени и условите за извоз на руска пченица во Бразил. Индонезија одобри увоз на пченка и соја од Русија. Оваа година, делегации од Саудиска Арабија, Бангладеш, Индија, Алжир, Кина, Ирак и Индонезија ја посетија Русија и се запознаа со системот кој ги осигурува квалитетот и безбедноста на житарките. Тоа ќе придонесе за развој на извозот на руски житарки, смета шефот на оваа служба за фитосанитарен надзор.

Во моментов руското жито се извезува во 132 земји во светот.

Данкверт исто така соопшти дека „Россељхознадзор“ преговара со повеќе од 100 земји за добивање право на извоз на руски производи на нивните пазари. Главни потенцијални увозници на руските земјоделски производи се земјите од Блискиот Исток, Африка и Азиско-Тихоокеанскиот регион, но ареалот на потенцијални клиенти постојано се шири, истакна тој.

„Россељхознадзор“ истовремено ги проверува руските претпријатија со намера да утврди дали одговараат на барањата на земјите-увознички. „Во овој момент во Русија има речиси 4000 такви претпријатија и сите тие се подготвени да ги извезуваат своите производи во 60 земји во светот“, прецизираше шефот на оваа служба.

Прочитајте повеќе за молневитиот пораст на извозот: Половина свет купува руска пченица

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња