Сѐ поголемиот извоз на руска пченица предизвик за САД и ЕУ?

Reuters

Русија, која је најголемиот извозник на пченица во светот, има во план да продолжи со потиснувањето на Европската Унија и САД и да ги отвори најкомплицираните пазари за испорака, пишуваат западните медиуми.

Постигнатите успеси во Ирак, Саудиска Арабија и Алжир дефинитивно ќе го зацврстат лидерството на Русија на Блискиот Исток и во Северна Африка. Сѐ поважен фактор на сложениот економски фон со ниската цена на нафтата стануваат цените на производите, пишува „Ројтерс“ повикувајќи се на трговци со жито.

Пониските цени на нафтата му одат во прилог на рускиот извоз на пченица, цените на житото остануваат на релативно ниско ниво изразено во долари поради намалувањето на трошоците за гориво и заслабнувањето на националната валута.

Кога цената на нафтата останува ниска, арапските земји се прашуваат зошто да ја плаќаат увозната пченица милиони долари повеќе отколку што треба, изјави еден германски трговец. Според неговите зборови, конкурентната цена укажува на тоа дека руската пченица може да го заземе главниот дел на пазарите кои се за неа отворени.

Како што се наведува, минатата недела традиционалниот купувач на американското жито Ирак соопшти дека се разгледува можноста за учество на руска пченица во државниот откуп. Содржината на глутен засега не е во склад со барањата на ирачкиот увоз, меѓутоа руската пченица е поевтина 10 до 12 долари по тон од американската. Како што се нагласува, рускиот извоз на пченица пораснал за 47 отсто на 52 милиони тони во сезоната 2017/2018, и дека оваа земја планира да ги зголеми испораките за 25 милиони на 77,7 милиони тони. Притоа, како што се наведува, излегувањето на Русија на пазарот на Ирак или на Нигерија ќе го почувствуваат САД, а експанзијата во Алжир и Саудиска Арабија Европската Унија.

Доаѓањето на Русија во Алжир би претставувало земјотрес. Европската Унија, особено Франција, засега доминира тука, додека Русија не спаѓа во испорачувачите на тој пазар. Конкуренцијата на Русија би била фатално опасна за Европската Унија, рече друг трговец. Саудиска Арабија, како што изјави тој, е од витално значење за Германија, Полска и балтичките земји. Русија веќе подготвува пробни испораки во таа земја.

Како што беше соопштено минатиот месец, во Сирија се гради голем центар за извоз на руска пченица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња